Адвокатската професија е многу профитабилна, особено за најдобрите. Видете кои се 10-те најбогати адвокати во светот:
10. Хауард К. Стерн – 500.000 долари.
Тој има 45 години и е поранешен партнер на Ана Никол Смит. Роден е во Лос Анџелес. Дипломирал на „University of California“.
9. Стејси Гарднер – 1 милион долари.
Освен тоа дека била модел, таа е меѓу најуспешните адвокати во САД. Родена е во Беверли Хилс, Калифорнија. Дипломирала на „Southwestern Law School“.
8. Вики Зиглер – 2.5 милиони долари.
Покрај тоа што е адвокат, таа е и ТВ водителка и автор на книги. Отвора канцеларија специјализирана за разводи кон крајот на 90-тите години.
7. Хозе Баез – 5 милиони долари.
Роден е во Њујорк. Во 80-тите години беше во армијата на САД. Дипломирал на „Florida State University“. Рагистрира адвокатска канцеларија во 2005-та година, бидејќи претходно не бил примен во еснафот, заради личен банкрот. Денес заработува до 5 милиони долари.
6. Ана Кинсосес – 8 милиони долари.
Таа е Американка со кубанско потекло и покрај тоа што е адвокат, таа е и готвач со сопствено ТВ шоу. Израсната е во Мајами. Готви од мала и е автор на бестселерот „Cuban Chicks Can Cook“ (Кубанските девојки можат да готват).
5. Вернон Џордан – 12 милиони долари.
Во 1957-та година завршува на „DePauw University“. Познат е со победата на делото за расна дискриминација против Универзитетот во Џорџија.
4. Џоел Сегал – 40 милиони долари.
Завршил на „Hofstra Law School“. Претседател е на „Worldwide Football Management Inc“ од 1997-та година. Тој е познат како еден од највлијателните спортски агенти во светот.
3. Џон Бранка – 50 милиони долари.
Во тинејџерските години бил дел од рок група. Дипломирал на „UCLA School of Law“. Во почетокот се занимавал со имотни зделки, но потоа почнува да работи во забавната индустрија.
2. Вили Ф. Греј – 100 милиони долари.
Тој е мотивациски говорник, бизнисмен и адвокат. Дипломирал бизнис администрација на „Shaw University“, а потоа право на „North Carolina Central University“.
1. Вичаи Тонгтанг – 1.1 милијарди долари.
Разликата меѓу Тонгтанг и останатите е огромна. Тој е познат како бизнисмен, но пред да се посвети на бизнисот бил адвокат. Претставувал исклучително важни луѓе како премиерот на Тајланд. Денес е дел од бордот на директори на „Bangkok Dusit Medical“.