27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Хонда NSX е скоро подготвена

Новата Хонда NSX е скоро подготвена

akura

Производителот на автомобили Хонда ја објави првата фотографија од тестирањата на наследникот на познатиот модел „NSX“.

Иако фотографијата не е од највисок квалитет јасно е дека моделот кој моментално се тестира е многу сличен на концептот кој беше претставен во Детроит.

Судејќи по сликата новиот модел ќе има друг изглед на фаровите, поголеми ретровизори и редизајнирани влезови за воздух.

Од компанијата не пристигна повеќе детали за овој автомобил, единствено е познато дека тој ќе биде преставен на 4-ти август за време на натпреварувањата на „Мид-Охајо Инди 200“.

И новиот „NSX“ ќе има централно поставен мотор, но овој пат станува збор за хибриден погон кој го комбинира V6 бензинскиот со електромотор и погон на сите четири тркала.

Новиот „NSX“ нема да биде „чистокрвна“ возачка машина по стандардите на тврдокорните љубители на спортски автомобили кои не ги ценат оние со хибриден погон, но судејќи по тоа што го читаме ова ќе биде еден од најсовремените и најатрактивните преставници на времето во кој е направен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП