2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата најактивна македонска институција на Твитер

Владата најактивна македонска институција на Твитер

Македонска Влада, иако е најактивна институција на Твитер, сепак не успеа да се рангира во ниту една друга категорија во истражувањето “Twiplomacy” кое го спроведе компанијата Burson-Marsteller („50 најдобро поврзани светски лидери“, „50 лидери со најголем број следбеници“ и „50 лидери што најмногу комуницираат преку Твитер“)

twitter-vlada

Владата на Република Македонија е рангирана на 49-тата позиција како најактивна македонска институција на Твитер. Освен Владата, другите институции од Република Македонија воопшто не се категоризирани на првите 50 позиции во истражувањето “Twiplomacy” кое го спроведе компанијата Burson-Marsteller.

Владата, иако е најактивна институција на Твитер, сепак не успеа да се рангира во ниту една друга категорија на студијата („50 најдобро поврзани светски лидери“, „50 лидери со најголем број следбеници“ и „50 лидери што најмногу комуницираат преку Твитер“).

Burson-Marsteller, е светски познатата компанија за односи со јавност и комуникации, која ја претстави годишната глобална студија  “Twiplomacy” (http://twiplomacy.com) за активноста на светските лидери на Твитер. Студијата покажа дека повеќе од 3/4 (77.7%) од светските лидери имаат Твитер акаунт и 2/3 (68%) се поврзале со своите колеги на Твитер.

“Twiplomacy” е водечко истражување од овој тип, со цел да покаже до кој степен светските лидери го користат Твитер. На почетокот на јули 2013 година, Burson-Marsteller анализираше 505 владини акаунти во 153 држави.

Годинешнава глобална студија “Twiplomacy” (http://twiplomacy.com) покажа дека американскиот претседател Барак Обама (@BarackObama), се уште, е најследениот светски лидер на Твитер со повеќе од 33 милиони следбеници. Но, додека речиси третина (148) од светските лидери и влади го следат твитерот на Барак Обама, тој не е најдобро поврзан лидер. @BarackObama заеднички следи само два светски лидери – Јенс Столтенберг, Норвешка и Дмитриј Медведев, Русија. Твитер акаунтите на Белата Куќа (@WhiteHouse) и на Стејт Департментот (@StateDept) ги следат 132 и 99 пеери (следбеници од ист ранг), но тие исто така, многу малку ги следат светските лидери: Белата Куќа следи три други светски лидери а Стејт Департментот не следи ниту едно Министерство за надворешни работи.

Папата Френсис (@Pontifex) е вториот светски лидер со најголем број следбеници, со повеќе од седум милиони Твитерџии на неговите 9 различни акаунти. Иако Папата не е во контакт со други корисници на Твитер, сепак неговиот шпански Твитер акаунт, просечно, е ре-публикуван, по 11.000 пати и со тоа се позиционира како еден од највлијателните луѓе во светот. За споредба, Твитер акаунтот на Барак Обама, просечно, е ре-публикуван, 2.309 пати во споредба со тоа што има најголем број следбеници.

Турскиот претседател Абдула Ѓул (@cbabdullahgul) и премиерот Реџеп Таип Ердоган (@RT_Erdogan) се меѓу најдобрите пет светски лидери со најголем број следбеници, повеќе од 3.4 милиони секој од нив.

Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд, @CarlBildt е најдобро поврзаниот светски лидер кој го следат 44 пеери. Европската служба за надворешна акција (@eu_eeas) е најдобро поврзана странска служба со 36 меѓусебни конекции следени од Полското Министерство за надворешни работи (@PolandMFA), Британското (@ForeignOffice) и Француското Министерство за надворешни работи (@FranceDiplo‏).

“Студијата покажува како Твитер и социјалните медиуми, генерално, станаа дел од секоја интегрирана владина комуникација“, вели Џереми Галбраит, извршен директор на Burson-Marsteller за Европа, Среден Исток и Африка. „Иако Твитер не е единствен канал на комуникација и нема да ги замени состаноците „лице – в – лице“, сепак овозможува директна интеракција меѓу луѓето. Очекувам да се зголеми бројот на компании и извршни директори кои, исто така, ќе прифатат нови алатки за поврзување со нашите светски лидери“, вели тој.

Турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган (@RT_Erdogan), соборениот Египетски претседател Мухамед Морси (@MuhammadMorsi), Претседателот на Руанда, Пол Кагаме (@PaulKagame), Израелскиот претседател Шимон Перес, Премиерот на Сингапур, Ли Сјенг Лунг (@LeeHsienLoong), Холандскиот премиер Марк Руте, (@MinPres) и 35 други акаунти, воопшто, не се следени од корисниците на Твитер.

Од друга страна, премиерот на Уганда, Амам Мбабази (@AmamaMbabazi), најмногу комуницира преку Твитер со тоа што 96% од неговите твитови се одговор на другите Твитерџии. Втор и трет најкомуникативни корисници на Твитер се претседателот на Руанда, Пол Кагаме (@PaulKagame) и Шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билд со неговиот (@fragaCarlBildt ‘Ask Carl Bildt’) акаунт.

Студијата покажува дека Твитер стана импресивна комуникациска алатка за светските лидери. Иако не комуницира, акаунтот на Папата (@Pontifex) покажува феноменален раст во последните шест месеци, како што е акаунтот на претседателот на Индонезија, Сусило Бамбанг Јудхојоно (@SBYudhoyono) и на Венецуелскиот претседател, Никола Мадуро (@NicolasMaduro), кој заедно се приклучија кон Твитер во март 2013 година и сега се рангираат меѓу 20-те најследени светски лидери. Дури и неактивните акаунти на претседателката на Бразил, Дилма Русев (@DilmaBR) и на францускиот претседател, Франсоа Оланд (@FHollande), кои го суспендираа Твитер по нивниот избор, покажуваат раст на нивните следбеници.

„Луѓето сакаат да бидат во контакт со нивните лидери на Твитер“, забележува Матијас Лифкенс (Matthias Lüfkens), претставник на Burson-Marsteller’s Digital Practice Leader EMEA и автор на извештајот „Сепак, зачудувачки е да се види дека акаунтите со најголем број следбеници имаат најмала интеракција со своите Твитер корисници“.

Постојат 227 лични акаунти и 76 светски лидерски твитаат лично, иако многумина од нив тоа го прават само повремено. Седум од Г8 лидерите имаат персонален Твитер акаунт и сите од властите на земјите Г20  имаат официјално ТВ присуство.

Твитер, исто така, се користи и од помалите нации за да ги постави на светската мапа и тие да комуницираат „очи во очи“ со нивните Твитер пеери. Хрватската влада (@VladaRH) и Министерот за надворешни работи на Исланд (@MFAIceland) еднострано следат 195 и 142 пеери и светски лидери со надеж дека тие ќе возвратат на ист начин.

Сите 45 Европски влади имаат официјално присуство на Твитер. Во Јужна Африка, сите држави, освен Суринам, имаат официјално Твитер присуство. Во Северна Америка, Азија и Африка, 79%, 76% и 71% од сите влади имаат Твитер акаунт. Само третина (38.4%) од сите влади во Пацификот користат micro-blogging услуги.

За пристап до комплетната анализа, посетете ја: http://twiplomacy.com

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП