16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАртета го бара „кртот“ во Арсенал

Артета го бара „кртот“ во Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го бара кртот во тимот, односно го бара човекот кој на новинарите им открил дека Давид Луиз и Дани Себаљос се степале на еден од тренинзите. Артета најавил дека кртот ќе биде казнет.

На еден од тренинзите на Арсенал, одржани минатата недела, Давид Луиз го удрил со тупаница Себаљос. Клубот сакал од јавноста да го сокрие инцидентот, меѓутоа новинарите дознале дека Шпанецот со крвав нос го напуштил тренингот.

„Не сум задоволен што се појавија детали во јавноста. Ќе дознаам кој им е изворот на новинарите, бидејќи таквото однесување е спортивно на она што јас го барам од играчите. Оној или оние што ја пуштија информацијата ќе бидат казнети“, рекол Артета.

Иако го бара кртот, Артета демантира, дека имало физичка пресметка помеѓу Луиз и Себаљос.

„Ништо од тоа не се случи! Тоа е тренинг и такви работи се вообичаени. Веднаш беше решено се. Не постои никакво проблем“.

Арсенал, утре, ќе го пречека Лидс јунајтед, а бидејќи во тимот ќе ги нема Томас Парти и Елнени, Себаљос ќе биде во тимот на Арсенал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП