26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономско цунами, 82% од фирмите пријавиле финасиска загуба поради кризата!

Економско цунами, 82% од фирмите пријавиле финасиска загуба поради кризата!

Пандемијата продолжува да прави „пустош“ врз стопанството. Анализата на бизнис здруженијата покажува поразителни резултати. Ретко која од компаниите во текот на оваа здравствено- економска криза не е финансиски погодена. Најголем дел од компаниите покажале негативни финансиски резултати. Добар дел од компаниите биле приморани да го намалат бројот на вработени, а сериозен дел од правните субјекти го затвориле својот бизнис. Анкетата на бизнис здруженијата покажува дека голем дел од фирмите оспоруваат дел од критериумите за добивање државна помош.     

Податоците кои ги претставија работодавачите е дека дури 82 отсто од компаниите пријавиле значителни финансиски загуби, но имале и привремен прекин на нивното деловно работење. Близу 45 отсто од анкетираните фирми се соочиле со намалување на нивните приходи за половина од тоа што претходно го остварувале. Клуч на врата ставиле 11 отсто од компаниите. Како најранливи според податоците се покажале микро фирмите, половина од нив имале за 50 отсто намалување на нивните приходи. Дополнително без малку 20 отсто од микро бизнисите пропаднале поради кризата. По се изгледа дека големите компании покажуваат поголема отпорност на кризата.  Досега ниту една  голема компанија привремено не е затворена. Но сепак, сечиси половина од големите компании забележале пад на приходите од над 50%.

„Најголемиот дел од претпријатијата кои пријавиле пад на приходите работат во секторите погодени од забраната на Владата за работење и полицискиот час, посебно транспортот, услугите за складирање, сместувањето и прехранбените услуги, градежништвото, троговијата и професионалните научни. Претпријатијата идентификуваа неколку заеднички предизвици кои влијаат на нивното деловно работење вклучително и пад на побарувачката за производи и услуги, послаба доверба во партнерите и прекин во наоѓањето суровини“, стои во истражувањето.

Истажувањето покажало дела ваквите предизвици влијаеле на профитабилноста и обртот на дури 90 проценти од претпријатијата, и биле далеку од првичните финансиски проекции кои ги имале зацртано за оваа година. За ублажување на последиците од кризата и со намера да се одржи работната сила стопанствениците самоиницијативно презеле мерки за нивно деловно работење. Како најкористени мерки, или 70 отсто од фирмите го намалиле бројот на работни часови во компанијата, платено отсутство решиле да воведат речиси половина од компаниите, а речиси 30 отсто од фирмите се решиле на промени во организацијата на работењето. Исто така триесет проценти од компаниите се одлучиле на иновативни решенија како е-трговија и слични методи на работа.

„Анализата по сектори покажува дека 80 отсто од претпријатијата во градежништвото и трговијата пријавиле дека ги намалиле работните часови поради полицискиот час, како и поради намалената побарувачка на услуги и производи. Но и покрај барањето можности за задржување на вработените околу 10 отсто од фирмите биле приморани да отпуштат работници. Големите и малите компании се први во редот кои отпуштиле 11 отсто од вработените додека микро и малите претпријатија отпуштиле помал процент од својата работна сила или седум отсто. Од овие претпријатија 10 отсто отпуштиле еден до десет отсто од своите работници, но четири проценти од фирмите  отпуштиле значителен процент од работниците или 40 отсто од работниот кадар“, стои во истражувањето.

Податоците од  компаниите кои учествуваа на ова истражување покажува дека сериозен број на компании се соочуваат со ризик од затворање во блиска иднина. Најслаба издржливост на оваа криза покажуваат микро и малите компании. Бројките покажуваат дека речиси 60 отсто од нив не можат да издржат три месеци ваков тип на криза. Нешто помалку од половина од компаниите кои зеле учество во ова истражување се изјасниле дека имаат сопствени средства или имале пристап до надворешни финансиски средства кои би можеле да им помогнат во закрепнувањето. Податоците покажуваат дека постои огромноа разлика во висината на средствата кои им се на располагање на претпријатијата според нивната големина. Па така, помалку од 40 отсто од малите и средни фирми имаат пристап до надворешно финансирање, додека 70 проценти имаат средните а без малку 80 отсто имаат големите компании.

Што се однесува до владините мерки за поддршка на компаниите бизнисмените сметаат дека тие треба да бидат поинклузивни. Како најкористена бенифиција од државата бизнисмените ја потенцираат мерката за одложување на даночните плаќања. Речиси 50 отсто до фирмите рекле дека искористиле бенефит во форма на добивање заем со поволни услови или безкаматни кредити. Дел од фирмите оспорија и некои од критериумите за квалификуваност за владината поддршка, а особено барањето да се задржи истиот број на вработени до септември. Овој критериум се покажал како проблематичен за близу 45 отсто од фирмите. Дополнително, обврската да не се намалат платите на вработените, но и да не се пријави загуба на приходите од најмалку 30 проценти во споредба со истиот период во 2019 година влијаело врз можноста за аплицирање за државна помош и кај  36 отсто од фирмите. Бизнисмените до владата испратија препорака  дека потребно е зголемување на достапноста на заемите за подобрување на ликвидноста, проширување на програмите за субвенционирање на плати, побрзо враќање во норамала во однос на административните функции и услуги кои се потребни на компаниите. Како за крај бизнисмените порачаа дека за полесно враќање во колесек потребно е и функционален систем со ефикасна администрација, засилено владеење на правото и дополнително намалување и повторно оценување на потребата за голем број парафискални давачки.
Во ова истражување се вклучени компании кои се членки на Организацијата на работодавачи и компании кои се дел од Бизнис конфедерацијата на Македонија.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП