
Податоците покажаа дека за мај оваа година, хрватските граѓани имале во банките 32 милијарди куни(4,26 милијарди евра) повеќе депозити од кредити.


Податоците покажаа дека за мај оваа година, хрватските граѓани имале во банките 32 милијарди куни(4,26 милијарди евра) повеќе депозити од кредити.
Вкупно домашни и девизни штедни влогови на крајот на мај изнесувале 21,33 милијарди евра, од кои 3,95 милијарди евра домашна валута и 17,38 милијарди евра во странски валути.
Според Хрватска Национална Банка , повеќегодишниот процес на раздолжување продолжил и кон крајот на 2012 и почетокот на 2013 година, па вкупниот долг на населението стагнирало и изнесувало помалку од 40 отсто од БДП.
Друго прашање е како меѓу граѓаните се распоредени депозитите, а како кредитите. Да се поедностави, просечно, секој вработен во Хрватска има 12,5 илјади евра кредити и околу 15,58 илјади евра депозити.