ЕКОНОМИЈА

Делегација од Турската агенција за вработување во посета на Македонија

images (1)

Делегација од Агенцијата за вработување на Турција предводена од генералниот директор Нусрет Језеџи денеска и утре престојува во посета на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Целта на посетата е да се утврдат целите од заеднички интерес на двете агенции со конкретно потпишување на договор за соработка.

На средбата со македонската делегација ќе се разговара за интензивирање на соработката, размената на експерти и за соработката со меѓународните организации.

Освен средбата во Агенцијата за вработување, турската делегација ќе ги посети и министерствата за труд и социјална политика и за земјоделство, шумарство и водостопанство.