26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрометот на хотелите во Виена е 213 милиони евра

Прометот на хотелите во Виена е 213 милиони евра

viena

Во главниот град на Австрија од јануари до јуни 2013-та година регистрирани се вкупно 5.7 милиони ноќевања, што е за 3.1 проценти повеќе отколку во истиот период од минатата година.

Гостите од странство оствариле 80 проценти од ноќевањата. Туристите од Германија оствариле 3 проценти од ноќевањата или 34.000, од Австрија биле 2 проценти (26.000) и од Русија 14 проценти или 44.000 повеќе отколку во првите шест месеци од 2012-та година.

Најголем пораст оствариле посетителите од Јужна Кореа (+29 проценти) или 53.000 ноќевања. Гостите од Италија и Шпанија беа нешто помалку отколку од претходната година. Бројот на ноќевања на Италијанците се намалил за 10 проценти или на 245.000, а додека на Шпанците за еден процент на 133.000.

Непроменет резултат во споредба со истиот период од 2012-та година остварија гостите од САД (276.000 ноќевања) и Франција (165.000).

Со исклучок на хотелите со пет ѕвезди сите останати категории на сместување профитирале поради зголемениот број на ноќевања.

Просечната полугодишна пополнетост на креветите изнесувала 50.3 проценти.

За периодот од јануари до мај нето-прометот од ноќевањата изнесувал 213 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП