28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да аплицирате за работно место во Европа

Како да аплицирате за работно место во Европа

evropa

Доколку сакате работа во странство, потребно е повеќе од преведување на вашето CV.

Како за почеток, престанете да испраќате стотици слични апликации секоја недела. За секоја работа, работодавачот и земјата имаат свој начин на пристап. Ниту една европска земја не го користи истиот “модел” на CV.

На пример, германските работодавачи бараат посебен пристап за да оценат некого како добар кандидат, за разлика од британските работодавачи. Секоја земја има одредени специфичности кои ги бара во биографиите на кандидатите.

 

Германија

Биографиите се многу посеопфатни и вообичаено вклучуваат детали од сите достигнувања на кандидатот во обратен хронолошки редослед – без прекин на временската линија. Германците се “gründlich und pünktlich” (точни и прецизни) и за секоја празнина во вашето CV ќе бидете оценувани како чудни, па дури и несигурни. Ако сте дипломирале во јуни 2012 година и сте започнале со  работа во септември 2012 година, треба да го евидентирате и тој период. И тоа не само во нејасни термини, туку во детали: “25 Мај 2012 – 1 септември, 2012: патување во Азија за развивање на културни вештини”.

Треба да се вклучат многу додатоци, како што се (копии од) дипломи, резултати од испити, како и писма на препораки. Заедно со 10 до 12 страници апликација, уредно спакувајте го во специјална папка за апликација наречена „Die Mappe“. Ако не можете да купите „Die Mappe“ во некоја книжарница, ставете го вашето CV и сите додатоци уредно спакувајте ги во папка. Внимавањето на деталите е императив во аплицирањето за работа во Германија.

Исто така, не заборавајте да ставите датум и да го потпишете вашето CV, и никогаш немојте да го превиткувате. Ако мислите дека овие разлики веќе не важат во дигиталната генерација, само погледне во некоја апликација на германската компанија и споредете го нивото на детали со апликација од некоја британската компанија.

 

Франција

За разлика од Германија, две страници се се што се бара кога се аплицира за работна позиција во Франција. Сепак, французите многу ценат рачно напишано писмо да го придружува CV-то. Многу е препорачливо CV-то да се напише на француски јазик, или во најмала рака барем писмото да биде на француски јазик. Обидете се да имате високо ниво на познавање на францускиот јазик во вашата апликација пред да ја испратите. Французите се многу осетливи на нивниот јазик, и доколку не знаете француски тоа ќе ги загрози вашите шанси за вработување.

 

Шпанија

Во Шпанија, сегашната клима е екстремно тешка за нови работни места. И покрај фактот дека многу млади шпанци ја напуштија земјата во потрага по работа на друго место, се разбира има многу кои останале и претставуваат конкуренција за оние кои доаѓаат од надвор. Шпанските биографии се разликуваат од повеќето европски земји во тоа што тие содржат професионална слика со големина за пасош. Истата може да биде или скенирана врз хартија или прикачена посебно во случај одреден работодавач да не го сака тоа, но секогаш треба да го имате напишано вашето име на празната страна.

Одредени сектори, како био-инженеринг, или некои други работни места, кои комбинираат високо специјализирани технички вештини со “еco-friendly” методи на производство, нудат големи можности. Не дозволувајте економската ситуација да ве запре ако сте навистина заинтересирани да одите во Шпанија, но бидете подготвени да вложите труд за изнаоѓање на работа.

 

Исто така треба ги земете во предвид и културните разлики. Претставете ја вистинската слика за себе, бидете оригинални, воочете кои се вашите јаки и слаби страни и како тие ќе бидат оценети во земјата на која сте фокусирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП