27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкиот остров Спалатрониси ќе биде првиот што ќе се продава на аукција

Грчкиот остров Спалатрониси ќе биде првиот што ќе се продава на аукција

greek

Островот Спалатрониси, што се наоѓа  непосредно до полуостровот Халкидики во северна Грција, е на добар пат да стане првиот грчки остров што ќе биде продаден на наддавање, јави електронското издание на весникот „Катимерини“.

Аукацијата е закажана за септември, а почетната цена се очекува да биде 10 милиони евра. Спалатрониси е најголемиот од трите острова, што ја формираат групата Спалатронисија.

Продажбата на островот беше најавена на денешната прес-конференција од сопственикот на аукциската куќа „Миро Антик Хаус“, Ставрос Миронидис.

Според него, со наддавањето ќе олесни бирократската процедура за продажбата на островот. Тој додаде дека претстојната продажба веќе привлекла интерес како кај домашни, така и кај странските купувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП