26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоронавирусот мутиран во куна во Данска, се заразиле 12 лица

Коронавирусот мутиран во куна во Данска, се заразиле 12 лица

Повеќе од 17 милиони куни во Данска ќе бидат убиени откако истражувањето покажа дека тие носат мутиран коронавирус што може да се прошири и на луѓето, потврди данскиот премиер Мете Фредериксен.

Веста ја пренесуваат сите релевантни светски медиуми.

Научниците откриле слични вирусни клетки кај луѓето и куните, и тие покажуваат намалена отпорност на антитела и потенцијално ја намалуваат ефикасноста на идните вакцини за коронавируси кои во моментов се развиваат во светот.

Ние имаме голема одговорност за нашето население, но со ова откритие на мутацијата имаме уште поголема одговорност за остатокот од светот, објасни Фредериксен.

Данска е, патем, најголемиот одгледувач на овие цицачи, а мутираниот вирус се појави на некои од бројните фарми на северот на земјата. Инфекцијата се прошири на 207 фарми куни, претежно на северот на полуостровот Јутланд. Вирусот зарази и 12 лица.

„Најлошото сценарио е нова пандемија што започнува во Данска“, рече главниот дански епидемиолог Kåre Mølbak.

Државата започна да убива заразени животни уште во јуни, но не успеа да го потисне ширењето на мутираниот вирус. Холандија и Шпанија го сторија истото со заразената куна.

„Имаме најдлабоко разбирање кон сите одгледувачи на куни. Тоа е ваш леб, генерации на ваши семејства живееја на него. Тоа ќе биде голем удар и за данскиот извоз. Многу ни е жал за ова, денес е тажен ден, рече премиерот Фредериксен.

Данците исто така го споделија откривањето на мутирани клетки на коронавирус со Светската здравствена организација и Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Армијата и полицијата ќе учествуваат во истребувањето на куната.

Коронавирусна инфекција на куната беше пријавена ова лето во Шпанија, а претходните недели на фармите во Холандија, како и во американските држави Јута и Висконсин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП