Министерството за здравство информира дека сите државни лаборатории располагаат со доволен број на тестови за Ковид-19, а значително се зголемени и капацитетите на државните лаборатории кои вршат тестирање за Сарс КоВ-2, Ковид-19.
„Во вчерашната статистика, од вкупно направени 3294 тестирања, во државните лаборатории беа направени скоро 1800 теста, од кои само 1310 во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, каде деновиве речиси двојно е зголемен капацитетот“, додаваат од министерството.

