28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавна опомена од КХВ за „Иново Брокер“ АД Скопје

Јавна опомена од КХВ за „Иново Брокер“ АД Скопје

khv

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија изрече јавна опомена на брокерската куќа „Иново Брокер“ АД Скопје и на нејзиниот директор поради кршење на Законот за хартии од вредност и на Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје.

Како што се наведува во соопштението, КХВ при проверка на реализацијата на неколку налози за тргување со акции дадени од клиенти утврди дека брокерската куќа не ги внесувала во системот за тргување по хронолошки редослед по кој тие се заведени во книгата на налози.

– Со ваквото однесување, „Иново Брокер“ АД Скопје го прекршила член 122 од Законот за хартии од вредност според кој брокерската куќа ги извршува налозите на клиентите за купување/продавање на хартии од вредност во согласност со приоритетот во книгата на налози.

Исто така, „Иново Брокер“ АД Скопје не ги испочитувала ниту Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје каде е регулирано дека налозите на клиентите за иста хартија од вредност и со исти услови за реализација, членката е должна да ги извршува според временскиот редослед по кој што се примени и хронолошки евидентирани, се наведува во соопштението.

На седницата што се одржа вчера, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови две лиценци за инвестициски советници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП