20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон повеќе не е хит, туку Берлин и Минхен

Лондон повеќе не е хит, туку Берлин и Минхен

Berlin

Градежниот сектор профитираше од големата популарност на т.н. „бетонско злато“, како популарно во Германија се нарекуваат недвижностите. Поради стравувањето од инфлација на еврото и поради ниските камати, парите буквално се слеваат на пазарот на надвижности.

Берлин и Минхен се на врвот на листата на најпопуларни недвижности во Европа, што значи дека Лондон по долги години повеќе не е главна ѕвезда кај инвеститорите во овој сектор.

Постојаниот пазар на недвижности во Германија придонесе за недостаток на други можности за вложувања, со ниски каматни стапки за хипотеки и ставувања од инфлација.

„Акциите на претпријатијата кои работат со недвижности моментно се на берзите главна тема“, вели професорот на универзитетот во Регенсбург, Штефен Себастијан, чија специјалност е финансирање на недвижностите.

Врвот во растот во бизнисот со изградбата на станови се случи по повторното обединување на Источна и Западна Германија. Па така во 1995-та година беа изградени 603.000 нови станови.

Следуваше структурна криза во градежништвото, при што половина од тогашните 1.4 милиони работници во овој сектор останаа без работа, а добар дел од инвеститорите банкротираа. Бројот на новоизградени станови од тогаш стално бележеше пад, а најлошо беше во 2009-та година кога имаше рецесија во таа земја и беа изградени само 159.000 станови. Од тогаш нивниот број повторно порасна за 25 проценти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП