25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Wells Fargo“ разочара со своите резултати во третиот квартал

„Wells Fargo“ разочара со своите резултати во третиот квартал

„Wells Fargo“ не ги исполни очекувањата на „Wall Street“ за својата добивка во третиот квартал, откако банката имаше скоро една милијарда долари трошоци поврзани со долгогодишниот скандал со лажни сметки и скоро нула каматни стапки кои влијаеа на нејзините финансиски резултати.

Извршниот директор Чарли Шарф, кој овој месец слави една година во „Wells Fargo“, ги намали трошоците во основата на неговиот план за обнова на банката опфатена со скандали.

Според него, на долг рок годишните трошоци може да се намалат за 10 милијарди долари, но трошоците предизвикани од пандемијата не и дозволуваат на банката да постигне значителен напредок на краток рок.

„Силните банкарски провизии на хипотеки и растечките берзи имаа позитивен ефект врз нашите резултати, иако историски ниските каматни стапки ги намалија нето-приходите од камати и нашите трошоци останаа високи“, рече Шарф.

Од „Wells Fargo“ велат дека резултатите пред оданочување биле погодени од 961 милиони долари за враќање на клиентите, што укажува на тоа дека банката продолжува да чувствува најголем товар од скандалот со своите продажни практики.

Таа се најде под строг надзор на регулаторите откако избувна скандалот во 2016-та година, кога компанијата објави дека отворила милиони лажни сметки на клиенти. Ова ја чинеше банката казни вредни милијарди долари.

„Wells Fargo“, исто така, забележа 718 милиони долари трошоци за преструктуирање.

Компанијата започна со нагло намалување на трошоците во јули откако ја регистрираше својата прва квартална загуба од 2008-ма година и ги намали дивидендите за да го задржи капиталот.

Сепак, „Wells Fargo“ објави и неколку добри вести. Износот на изгубените заеми беше 20,5 милијарди долари, непроменет од претходниот квартал.

Шарф рече дека траекторијата на економското закрепнување на САД останува нејасна бидејќи продолжуваат негативните ефекти од пандемијата на коронавирусот и не се сигурни дополнителните фискални стимуланси.

Акциите на банката паднаа за 4,85% на 23,54 долари по објавувањето на резултатите.

Сепак, зголемувањето на трошоците не помага, бидејќи банкарската индустрија мора да се справи со скоро нула каматни стапки и забавен кредитен раст.

Нето приходот од камата на четвртата по големина банка во САД достигна 9,4 милијарди долари, што е за 512 милиони долари помалку од вториот квартал, поради падот на портфолиото за 2%. Вкупните приходи се намалија за 14 проценти.

Вкупните заеми паднаа за скоро 4 проценти на 920,1 милијарди долари до крајот на периодот, погодени од пад на деловните заеми за 30 милијарди долари, што е поголема од предвидената контракција, велат аналитичарите на „Jefferies“.

Федералните резерви воведоа ограничување на билансот на состојба на „Wells Fargo“ како казна за лажната продажба и ќе бидат укинати само доколку менаџерскиот тим докаже дека доволно го подобрил управувањето и контролата врз ризиците.

„Wells Fargo“ објави нето добивка што треба да им биде распределена на сопствениците на обични акции од 1,72 милијарди долари или 42 центи по акција, за кварталот што заврши на 30-ти септември, во споредба со 4,04 милијарди долари или 92 центи по акција за претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП