18 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да си придадете важност!

Како да си придадете важност!

biznismen

Не е потребно да сте „големец“, за да ве мислат луѓето за таков. Во САД веќе се популарни сервисите како папараците за изнајмување. Може да се прошетате низ некое одморалиште, следени од куп папараци кои ви сликаат. Услугата оди заедно со телохранители, кои пак ќе ве заштитат од папараците (кои вие сте ги изнајмиле!). Ќе се чувствувате како ѕвезда и ќе ги импресионира дамите во секоја установа, не е исклучено да не ви побараат да платите (бидејќи е очигледно дека сте некоја позната личност).

Погледнете неколку совети за почетници бизнисмени за тоа како да си дадете изглед на многу важна личност (без да сте такви):

Фалсификуван личен асистент

Кој знае дали и електронската пошта со  име + [email protected] навистина е реално постоечки човек? Важно е луѓето да мислат дека имате асистент. Секогаш споменувајте дека распоредот ви е уреден од асистентот.

Направете ваша интернет страна

Релативно поевтино е да си купите домејн. Направете ја вашата интернет страна во која ќе ја објавите вашата биографија, достигнувања и материјали од печатот за вас. Важно е да си направите и пошта со вашето име (или името на вашата компанија), а не само да ги користите услугите на „gmail“ како обичниот човек.

Ангажирајте си автомобил

Чини повеќе од такси, но ќе оставите добар впечаток, ако по важен состанок дојде да ве земе автомобил со возач.

Договарање средби во скапи хотели

И без тоа немате канцеларија (или таа е обична „дупка“). Договарајте состаноци во лоби баровите на скапи хотели. Така ем оставате добар впечаток, ем штедите пари за кирија за канцеларија.

Претставете се во медиумите

Тоа во денешно време воопшто не е тешко. Благодарение на услугите на добар „ПР“ може да дадете интервју за списание, весник, популарен веб-сајт, а зошто не и да гостувате во некоја ТВ емисија!

Тогаш ќе ги испратите овие материјали на својата веб-страница, пардон – ќе го натерате вашиот „асистент“ да го направи. Воопшто не е тешко да си познат!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП