Холандскиот премиер, Марк Руте објави дека земјата мора да се врати во „делумна блокада“ за да се спречи ширењето на коронавирусот. „Денес најавуваме нови и строги мерки, и всушност се движиме кон делумна блокада“, рече Руте на прес-конференција.
Баровите и рестораните се затвораат, но ќе биде можно да се подигнат нарачки и да се врши достава. Ќе бидат забранети јавни собири на повеќе од четири лица, а забранета е и продажба на алкохол навечер. Руте рече дека мерките, кои ќе траат најмалку четири недели, стапуваат на сила во среда, а ефектите по две недели ќе бидат разгледани. Доколку тие се неефикасни, може да се воведат уште построги ограничувања, рече министерот за здравство Хуго де Јонге.

