29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Русија ќе ја надмине Германија?

Како Русија ќе ја надмине Германија?

slika

Рускиот пазар на автомобили е на добар пат да го надмине германскиот и до 2020-та година да стане најголемиот во Европа и петтиот најголем во светот.

Се поголем број на Руси поседуваат автомобил, а странските автомобилски компании во Русија се почесто отвораат свои фабрики во оваа земја.

Западните компании меѓу кои се „General Motors“, „Ford“, „Renault“ и „Fiat“, се впуштија во големи вложувања во Русија надевајќи се на порастот во продажбата на автомобили, бидејќи поголем дел од припадниците на средната класа во таа земја ќе може себеси да си дозволат купување на првиот автомобил или замена на стариот.

Во Русија на 1.000 жители има само 290 автомобили, во споредба со 560-те во западна Европа, но многу од тие возила се стари. Руската економија со извозот на минерални богатства во последните децении забележа голем раст и тоа резултираше на создавање на се поголема средна класа.

Според извештаите на неколку консултантски куќи се очекува рускиот автомобилски пазар со раст од шест проценти на годишно ниво до 2020-та година да достигне до годишна продажба од 4.4 милиони возила.

Со тоа Русија би ја поминала Германија и би станала петтиот најголем автомобилски пазар во светот зад Кина, САД, Индија и Бразил. Русија на овој список во 2009-та година беше на десетото место.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП