2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА ги претстави цените на билетите за Светското првенство во Бразил

ФИФА ги претстави цените на билетите за Светското првенство во Бразил

fifa

Цената на билетите за Светското првенство во Бразил во 2014 година ќе се движи од 15 до 990 долари, беше најавено од страна на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

Најевтиниот билет ќе бидат во можност да го обезбедат бразилските студенти, луѓето постари од 60 години и корисниците на социјална помош.

Билетите за групната фаза на натпреварување за странските навивачите ќе се движат од 90 до 175 долари во зависност од локацијата на трибината.

Цените на билетите за отворањето на шампионатот ќе бидат од 220 до 495 долари, а оние кои ќе одлучат на 13 јули во живо на Маракана да го гледаат финалето ќе мора да платат помеѓу 440 и 990 долари.

“Овие цени се многу конкурентни, постои голем избор и се надевам дека ФИФА има разбирање кога станува збор за цените на билетите”, рече маркетинг директорот на ФИФА – Тиери Вејл.

Билети ќе бидат пуштени во продажба од 20 август преку веб-сајтот FIFA.com и ќе се продаваат до 10 октомври, додека втората фаза ќе почне со продажба од 8 декември, кога ќе биде познат распоредот на натпреварите.

Светското првенство во фудбал ќе се одржи од 12 јуни до 13 јули во 2014 година во Бразил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП