28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто некои народи се повитки од другите?

Зошто некои народи се повитки од другите?

Цел свет верува дека Французинките се витки, а облините на бразилските жени го привлекуваат вниманието на цела планета. Која е тајната на нивниот изглед?

Ви ги претставуваме причините поради кои некои народи имаат помалку проблеми со „епидемијата“ на дебелината, во однос на остатокот од светот.

Бразил: Тие конзумираат супернамирници речиси секојдневно.

vitki1

Оризот и гравот се дел од секојдневието во Бразил. Бразилците знаат дека гравот е богат со комплексни јагленохидрати, протеини и антиоксиданси и дека тој го стабилизира нивото на шеќер во крвта. Во комбинација со ориз, се доаѓа до аминокиселини, кои ги нема во гравот и на тој начин се добиваат целосни протеини.

Во споредба со типичниот западен начин на исхрана, диетата која првенствено содржи ориз и грав, го намалува ризикот од дебелеење за 14 проценти, покажаа последните истражувања.

Индија: Зачинот кари има посебна моќ.

vitki2

Куркумата е позната по тоа што на индиското кари му дава жолта боја и благо лут вкус. Покрај тоа, овој зачин има голема улога во топењето на килограмите.

Истражувањето на универзитетот „Тафтс“ покажа дека куркуминот, активната состојка на куркумата, може да го спречи ширењето на масното ткиво и да го спречи растот на новите крвни садови потребни за тој тип на ткиво.

Друго истражување спроведено на Универзитетот во Бафало покажа дека овој зачин го регулира метаболизмот на липидите. Таквите резултати се добиени со експерименти врз животни, но научниците веруваат дека тоа важи и за луѓето.

Франција: Клучот не е секогаш во умереноста

vitki3

Сите знаат дека Французинките ја одржуваат линијата така што се умерени во се. Сепак, таа умереност главно се однесува на внесувањето на сирење и месо. Овошјето и зеленчукот тие ги конзумираат во големи количини и во различни фази од животот.

Децата во Франција, веднаш штом ќе преминат на цврста храна, добиваат кашички од зеленчук. Родителите на овие деца напорно се трудат нивните деца да стекнат навика за повеќето видови на зеленчук, така што постојано ги хранат нивните деца со најразлични каши од зеленчук. Истражувањата покажаа дека храната која ќе ја пробаме десетина пати, има можност да ни се допадне.

Тајланд: Клучот е во лутото.

vitki4

Чили пиперчињата се важна состојка во тајландската кујна. Во оваа земја, дури и обичната зелена салата може да ве изненади со нејзината лутина.

Поради состојката капсаицин, лутите пиперчиња се идеални за слабеење, при што поради лутината приморани сте побавно да јадете и навреме да забележите дека сте сити.

Јапонија: Секое јадење ги има „неговите пет минути“

vitki5

Јапонците се долговечен народ за кој дебелината не е својствена. Иако не можеме сите да јадеме алги, риба или секој оброк да го преливаме со зелен чај, овој совет можеме да го примениме: во Јапонија секоја намирница, од скромниот ориз до печеното месо, се сервираат посебно. Одвојувањето на сите состојки од јадењето, покрај тоа што ќе ви овозможи да го вкусите секој вкус посебно, ќе ви овозможи и да изедете помалку.

Мјанмар: Користат месо како прилог.

vitki6

Во многу азиски земји месото е мал дел од оброкот. Причината за тоа е од финансиска природа – месото претставува храна за богатите.

Месото во Мјанмар се користи како прилог, а зеленчукот и оризот се главното јадење. Така се намалува калориската вредност на оброкот, но и мастите и холестеролот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП