14 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајлудото фудбалско лето досега!!!

Најлудото фудбалско лето досега!!!

soc_bubble_576

Симпатизерите на фудбалот со сигурност долго ќе го паметат летото 2013-та година. Тоа не е поради европско или светско првенство, не е ни и за егзотичната трка за Купот на Конфедерации, која наскоро ќе биде заборавена, отколку корисна, но тоа е друга тема на разговор. Причината за тоа е поради десетиците тренерски реконструкција кои се случија во поголемиот дел од водечките тимови на „Стариот континент“ и тоа во интервал од неколку недели.

Замислете си и обидете да се сетите кога се случиле толку тренерски смени во рамките на едно лето. Немачете се одговорот е никогаш!

Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челзи, Интер, Наполи, Рома и ПСЖ, ќе ја започнат новата сезона „на чисто“, со нов тренер и „стари“ амбиции. Со други зборови кажано околу 90 проценти од фудбалските клубови во Европа ќе имаат нов облик за наесен.

Сосема логично е новите тренери да доаѓаат со нови идеи и во голема мера со нови фудбалери. Не беше изненадувачки фактот дека претходната сезона се уште не беше завршена, а некои од најголемите трансфер-бомби веќе беа факт. Станува збор за Марио Гетце (од Борусија Д во Баерн М) и Нејмар (од Сантош во Барселона).

Повеќе од еден месец пред крајот на трансферниот прозорецот веќе наведените тимови направија куп мултимилионски трансфери. Пеп Гвардиола, освен Гетце, го зеде со себе во Баерн и Тиаго Алкантара. Реал потпиша со талентот број 1 на Шпанија – Иско, во Сити се на вообичаеното ниво и за кратко време фрлија 100-тина милиони фунти за Негредо, Јоветиќ, Навас и Фернандињо.

Од Лондон Жозе Мурињо исто така, потсети за себе и го зеде Андре Шурле, една од најголемите надежи на Германија. Португалецот сепак го подготвува и својот „Специјален“ трансфер, а тоа е Вејн Руни. Новиот шкотски менаџер во Јунајтед, Дејвид Мојс е чудно пасивен до моментов, но го има целото внимание на светската јавност кон себе свртено, те со Герет Бејл, те со Кристијано Роналдо или некоја друга од актуелните ѕвезди во Европа.

Во Италија, исто така не си го губат времето. Рома ја заостри дефанзивната линија со Бенатиа, Маикон и Стротман. Јуве, макар и без нов тренер се засили со Огнобија, Тевез и Љоренте, а Наполи зема двајца од Реал – Хозе Калјехон и Раул Албиол. Мамма МИА!

„Новите“ играчи на големата сцена – Монако и ПСЖ, сепак ги удрија сите од земјата. За подобро или полошо, двата француски тимови немаат финансиски граници и фрлија стотици милиони за нови играчи. Затоа јасно говори и фактот дека двата најскапи трансфери до овој момент се дело токму на Монако и ПСЖ, односно Радамел Фалкао и Единсон Кавани.

Сето ова е само почеток на трансферите. Јунајтед се уште молчи, а новиот тренер на Барса, кој и да е тој, сигурно ќе сака да се засили со еден-два играчи!

Некаде далеку од случувањата стојат „братучедите“, Милан и Интер. Двата гиганти од Ломбардија далеку се од своите најдобри години, а нивните сопственици – Берлускони и Морати јасно дадоа до знаење дека нема да „фрлаат“ големи пари на играчи. Финансискиот ферплеј е оправдувањето на нафтениот и медиумскиот гигант, но тоа не ги задоволува „црвено-црните“ и „сино-црните“ навивачите во модната престолнина на Европа. Како потврда, едните (Интер) веќе повеќе од една година не престанува да ги продава најскапите играчи (Ето, Маикон, Жулио Сезар, Весли Снајдер). Другите пак преговараат цело лето за фудбалер од руското првенство (Хонда), со кого се надеваат да се вратат на врвот во Италија и Европа.

Лето е, време е за плажа и ладни коктели, но љубителите на фудбалот сосигурност постојано на своите мобилни телефони ќе следат што ќе се случува на трансферниот пазар. И оправдано, откако играчи како Руни, Бејл, Суарез, Игуаин, Модриќ , Кака и другите се уште се на располагање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП