26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали ова е замената за R8?

Дали ова е замената за R8?

Audi-R10-1

Малкумина би се спротиставиле на изјавата дека „Audi R8“ е еден од најинтересните и највпечатливите модели на германската компанија во последните неколку децении, а кој и шест години од своето претставување и натаму е конкурентен во својот сегмент.

Една од најтешките задачи кои се поставуваат пред некој производител е да се пронајде подеднакво импресивен наследник за моделот кој скоро и да нема маани. Таков е случајот со „R8“, чии наследник во вид на концепт се обиде да го предложи шпанскиот дизајнер Давид Кава.

Audi-R10-2

Наречен „Audi R10 концепт“  возилото е опишано како нов „хипер автомобил со перформанси помоќни од R8“, а за изгледот е инспириран од моделите „LMP“, старите болиди во Формула 1 и борбените авиони.

Овој двосед доаѓа во конфигурација со централно поставен мотор и претставува скоро совршена спортска машина со V8 агрегат, два турбо компресори, погон на сите четири тркала и напредни аеродинамички карактеристики.

Audi-R10-3

Возилото има футуристички изглед со карактеристичните агресивни линии на „Audi“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП