18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМали совети за брзо слабеење

Мали совети за брзо слабеење

Дали сакате да го зголемите потенцијалот за согорување на мастите? Тогаш можеби е вистинско време да ја зголемите температурата на организмот.

Термогенеза е процес на производство на топлина во телото, со што се забрзува метаболизмот и се постигнува побрзо согорувањето на калориите. Најлесен начин да ја подигнете температурата во телото е вежбањето, но тоа можете да го постигнете и со одреден вид на храна.

Лути нешта

Некои типови на храна го поттикнуваат метаболизмот повеќе од другите производи на храна, а со нив согорувате повеќе калории. Тука се вклучени зачинитепротеинитемаслото од кокос и зелениот чај. Можете да согорите меѓу 40 и 100 калории повеќе во текот на еден ден долколку конзумирате лута храна.

Протеините содржат повисок термички ефект од мастите и јаглехидратите, бидејќи им е потребен подолг период за варење, а со тоа користат и повеќе енергија. Исто така, ќе ве заситат повеќе и нема да бидете гладни во брзо време.

Зачините како црн бибер или чили зачинот, исто така, се многу ефикасни. Едно истражување открило дека 10 грама чили во еден оброк ја зголемува температурата на телото веднаш по внесувањето на оброкот. Активните состојќи од чили зачинот или чили пиперчињата го забрзуваат метаболизмот, ги согоруваат мастите и го намалуваат апетитот.

Црниот бибер, исто така, го подобрува метаболизмот. Исто така, ја зголемува апсорцијата на здрави хранливи материи. Едно друго истражување покажува дека состојките од зелениот чај ги согоруваат масните ќелии. Маслото од кокос го стимулира метаболизмот до 5 проценти.

Постои голем број на термогенетски суплементи на пазарот, но прилагодувањето на исханата е посигурен и поздрав начин да го забрзате согорувањето на масти. Вежбајте редовно, исфрлете ја преработената храна од исханата, додадете термогенетска храна и забрзајте го метаболизмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП