24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да го подобрите помнењето?

Како да го подобрите помнењето?

Дали некогаш ви се случило да заборавите нечие име, местото каде ги оставивте клучевите, дали заклучивте врата и слично? Сигурно да. И не е некој проблем ако тоа се случува од време на време, но ако забележите дека често се повторува, еве неколку совети како тоа да се надмине.

Јадете здрави оброци

Добро избалансираната исхрана не е важна само за телото, туку е есенцијална и за мозокот и меморијата. Јадењето овојше и зеленчук богати со антиоксиданси како портокали, спанаќ, моркови, брокули, домати и компири може да го намали ризикот од мозочен удар и за 11 проценти.

Антиоксидансите и полифенолите од боровинките, брусницата и грозјето можат да ја подобрат способноста на мозочните клетки да комуницираат една со друга и да ја намалат сензитивноста на мозокот од повреди.

Освен тоа, куркуминот и Б витаминот, односно фолната киселина и ниацинот го спречуваат губењето на меморијата, а може да го намалат и ризикот од Алцхајмерова болест.

Престанете со опивање

Некои луѓе не се сеќаваат на ништо после бурна ноќ мината на некаква забава. За нивна среќа, во повеќето случаи алкохолот предизвикува само повремено „замрачување“ во мемориските центри.

Научниците веруваа дека „блек-аут“ им се случува само на тешките алкохоличари. Меѓутоа, студиите покажуваат дека ова е честа појава и кај оние кои повремено се опиваат. Алкохолот може да и пречи на способноста да се формираат нови долгорочни сеќавања, дури и само после еден или два пијалаци. Некои студии покажаа и дека постои врска меѓу тежината на оштетената меморија и количината на конзумиран алкохол. Значи, колку повеќе пиете, толку ќе ви биде полоша меморијата.

Вежбајте го телото

Сите знаеме дека вежбањето ни ги враќа во форма мускулите. Но дали физичката активност помага и кај мозокот?

Кардиоваскуларните вежби може да помогнат да се спречи губењето на меморијата. Лекарите веруваат дека ова е така затоа што вежбањето ја подобрува циркулацијата на крвта во мозокот и го намалува стареењето, кое е поврзано со губење на мозочното ткиво.

Скенирањето на мозокот покажува дека сивата маса е подобра кај повозрасните луѓе кои вежбаат, во однос на оние кои се пасивни. Сепак, не мора да трчате маратон за вашиот ум да биде „остар“. И внимавајте на дехидрирањето, кое исто така штети во процесот на паметење.

Вежбајте го мозокот

Со вежбањето на вашиот ум буквално му помагате на мозокот да расте. Држејќи го мозокот активен, ги охрабрувате мозочните ќелии да воспоставуваат нови врски меѓу нив. Ова помага кон превенција на губењето меморија.

Постојат многу начини за вежбање на мозокот. Некои од нив се многу едноставни, како решавањето крстозборки, играње шах, читање, но и свирење некој инструмент, учење странски јазици или бавење со некакво хоби. Клучно е овие активности да ги обавувате на редовно ниво.

Внесувајте го во организмот она што ќе ви ја засили меморијата

Цинкот и фолната киселина влијаат на развојот на мозокот, а за концентрација и помнење клучни се: гинко билоба, витаминот Б, фосфатдиколин, фосфатдилсерин и аминокиселините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП