25 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДИЕТА: Краставица диета

ДИЕТА: Краставица диета

Диетата со крставици е идеална за сите оние кои ги мрзи премногу да размислуваат што ќе јадат додека се на диетa затоа што диетниот план е многу едноставен: постојат само неколку намирници кои се конзумираат, а самата диета се спроведува десет дена. Постои и продолжена варијанта од 14 дена каде се забележани навистина одлични резултати: губиток од 7 килограми – секако во зависниост од нивото на физичката активност.

Како практично изгледа краставица диетата ?

Основата на оваа диета е салатата од краставици коja може да се конзумира во неограничени количини секогаш кога ќе се почувствува глад. Салатата е богата со нутритиви и не мора да се грижите дека нешто ќе ви недостасува во текот на десетдневниот режим. Останатите намирници кои се јадат во текот на денот се:

– 2 варени јајца или 150 гр туна исцедена од масло или 150 гр бело месо на скара.

– 2 поголеми варени компири (може да се варат, печат во рерна но да не се пржат во масло) или 3 парчиња интегрален леб.

– 500 грама свежо локално одгледувано овошје.

Од течности се пие обична вода, чај а дозволено е и кафето (без шеќер). Строго се забранети газираните пијалоци, алкохол и слатки.

Со секој оброк како и помеѓу оброците –може да се јадат неограничени количини салата од краставици (погледни го рецептот подоле) или да се пие шејк од краставица – значи кога ќе ве нападне гладта слободно навалете на салатата или шејкот (види го рецептот подоле на страната).

Пример за дневно мени:

Појадок: 2 тврдо варени јајца + чинија салата од краставици

Ужина: 5 сливи или едно поголемо јаболко или праска…или некое друго сезонско овошје со вкупна тежина до 200 гр

Ручек: Тостиран интегрален леб + чинија салата од краставица

Ужина: Шејк од краставица (види го рецептот на крајот од текстот)

Вечера: Овошје по избор (до 300 гр)

 

Не заборавајте: Ако сте гладни помеѓу оброците (па дури и помеѓу ужината и оброкот) може да конзумирате неограничени количини салата од краставици.

Како се подготвува салатата од краставици…

Салатата се подготвува брзо и многу е едноставна. Потребните намирници се:

– околу 400 гр краставици

– 2 дцл кисело млеко или јогурт (кој има домашен кефир може да го употреби)

– сол и доколку сакате младо лукче или кромидче

salatataratur5464v646f4

Начин на подготовка:

Излупете и исецкајте ги краставиците на сосема мали парчиња. Посолете ги, лесно промешајте за да правилно се распоредат и прелијте ги со кисело млеко, јогурт или кефир па повторно промешајте. По желба и вкус додајте ситно исецкан млад кромид или лук и …веднаш сервирајте.

Шејк од краставици

Во блендер ставете: една млада краставица (заедно со кората – секако добро измиена), една рака добро измиен спанаќ, едно кисело јаболко. По желба додадете малку изрендан свеж ѓумбир или ѓумбир во прав. Добро изблендирајте го, налите го во чаша и одозгора посипете со парченца ореви или бадеми. Полека пијте додека е свежо затоа што ако стои подолго – губи хранливи материи.

Овој напиток ќе го снабди вашето тело со изобилство на витамини и минерали, а посебно со витамин А и К. Напитокот е исто така богат со влакна, магнезиум, железо, витамини Ц, Е и Б како и калциум и калиум. Цел спектар на сето она што ни е потребно и сето тоа во една чаша.

krastavicajhufwe

Дополнителни напомени

Иако ова е многу едноставна диета, потребно е да обрнете внимание на квалитетот на намирниците – користете само свеж зеленчук и овошје од проверен снабдувач.

Умерената физичка активност е важна работа кај секоја диета па и кај оваа, па получасовното брзо пешачење (тоа е она пешачење кога почнувате да се потите) – значајно ќе помогне во губењето на вишокот килограми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП