20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд каде доаѓа отпадот во ЕУ и каде оди? (ИНФОГРАФИК)

Од каде доаѓа отпадот во ЕУ и каде оди? (ИНФОГРАФИК)

Извозот на отпад од 27-те земји-членки на ЕУ во земји што не се членки на ЕУ се зголеми за две третини (66%) од 2004-та година, но тие останаа стабилни од 2018-та до 2019-та година, покажуваат податоците на Европската канцеларија за статистика „Евростат“.

Минатата година, извозот на отпад во ЕУ достигна 31 милиони тони, вреден 13,4 милијарди евра.

Од друга страна, увезениот отпад од надвор од Унијата опаѓа како на долг, така и на краток рок. Во 2019-та година увозот изнесува 16,7 милиони тони, што претставува намалување од 2% во однос на 2018-та година и 6% во однос на 2004-та година. Вредноста на увезениот отпад од земји кои не се членки на ЕУ достигна 12,8 милијарди евра во 2019-та година.

Турција добива најмногу европско ѓубре

Турција е најголема дестинација за отпад од ЕУ, со зафатнина од околу 11,4 милиони тони во 2019-та година. Ова е скоро три пати повеќе од 2004-та година. Втората најголема дестинација е Индија, која доби скоро 2,9 милиони тони ѓубре од Унијата во 2019-та година, по што следат Велика Британија со 1,9 милиони тони, Швајцарија со 1,6 милиони тони и Норвешка со 1,5 милиони тони.

Индонезија стана значајна дестинација за отпадот од ЕУ во последните години, со зголемување на волуменот од 0,4 милиони тони во 2016-та година на 1,3 милиони тони во 2019-та година. Од друга страна, извозот на смет во Кина се намали од својот максимум од 10,1 милиони тони во 2009-та година на 1,2 милиони тони во 2019-та година.

Велика Британија, Норвешка и Швајцарија се главните извори на увезениот отпад во ЕУ

Европската унија исто така прима отпад од земји кои не се членки. Најголем обем на отпад се увезува од Велика Британија и изнесува 4 милиони тони во 2019-та година. Ова е намалување за скоро 12% во однос на 2018-та година и најниско ниво од почетокот на статистиката во 2004-та година.

Норвешка е втор по големина извор на увезен отпад во ЕУ, што се зголеми за 5% на 3,1 милиони тони во 2019-та година. Следува Швајцарија за 2,4 милиони тони, или намалување за 3% во однос на 2018-та година, САД со 1,6 милиони тони (-2%) и Русија со 1,2 милиони тони (+ 1%).

Железните метали сочинуваат повеќе од половина од извозниот отпад на ЕУ

Во 2019-та година извозот на отпад составен од железни метали (старо железо и отпадоци од разни видови железа) од ЕУ изнесуваше 15,6 милиони тони, што претставува половина од вкупниот извоз на отпад. Главната дестинација беше Турција со 9,9 милиони тони. Земјата доби скоро две третини (63%) од извозот на железо од ЕУ. Од друга страна, Унијата увезе 4,2 милиони тони отпад од железо, приближно една третина (32%) доаѓа од Велика Британија.

Иако на многу пониско ниво, значителни количини на хартиен отпад исто така се извезуваат од ЕУ. Извезените 5,8 милиони тони учествуваа со скоро една петтина (19%) од извозот на ѓубре во ЕУ во 2019-та година. 1,1 милиони тони (19%) од нив беа наменети за Индија и 0,7 милиони тони, или 12 проценти, за Турција.

Во исто време, ЕУ увезе 2,5 милиони тони хартиен отпад, со најголем обем од 1,1 милиони тони, или 43%, кои доаѓаат од Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП