Ако некогаш сте имале инфекција на уринарниот тракт, тогаш знаете колку е тоа болно и непријатно. Ве принудува често да одите во тоалет, а и мокрењето знае да биде доста болно.
Денес ви го претставуваме ова одлично природно средство кое ќе ви помогне брзо и ефикасно да се ослободите од инфекцијата на уринарниот тракт.
Еве, како можете да подготвите природно средство против инфекции на уринарниот тракт.
Состојки: 200 мл маслиново масло, 250 гр мед, 250 гр лимон, 250 гр корен од магдонос.
Упатство: Коренот од магдонос и лимонот со кората треба ситно да ги исецкате, а потоа сите состојки, вклучувајќи го и медот и маслиновото масло, измешајте ги во блендер. Ќе добиете кашеста смеса која треба да ја чувате во стаклена амбалажа во фрижидер.
Напомена: Би било добро медот да го набавите кај проверен пчелар, лимонот секако би требало да биде органски. Доколку не е оставете го да отстои подолго во вода и измијте го со сода бикарбона. Коренот од магдонос, исто така треба да биде добро измиен.
Совет плус: Пијте чај од магдонос
Магдоносот делува како диуретик, а освен што овој напиток е освежувачки, ќе го забрза и процесот на оздравување. За да ја ублажите или спречите уринарната инфекција, потребно е да пиете чај од магдонос. Земете една лажица од коренот од магдонос и прелијте го со 2,5 дл вода.
Варете 5-6 минути, а потоа поклопете 10 минути, оладете, па потоа процедете. Пијте 3 пати по една шолја.
Исто така, магдоносот е одлично средство против отекување на нозете и корисен е при слабеење.