28 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да доживеете 100-ка

Како да доживеете 100-ка

Да бидете здрави и живи долго време се двете работи кои луѓето ги ставаат на прво место. Џабе ви се парите, џабе ви се материјалните работи доколку го немате основното нешто – насмевка на лицето и здраво тело.

Рецепт за нешто такво не постои, но човекот сепак може да направи многу нешта за да си ги подобри шансите за квалитетен живот.

Токму на тоа мислеше и докторот Дејвид Аргус, голем експерт за канцерогени болести, кој одлучи да сподели со луѓето некои многу корисни совети од неговата книга „Краток водич за долг живот“. Доколку ги примените, бидете сигурни дека на тој начин ќе го сочувате вашето здравје и ќе си го отворите патот кон длабока и убава старост.

Соблечете се голи пред огледало

Добро погледнете се додека стоите пред огледало – од напред и од позади. Ова ќе ви овозможи да ги забележите промените на вашето тело и неправилностите кои сте ги немале претходно, а со тоа и знаците за рак на кожа.

Повремено правете преглед на секој сантиметар од вашето тело, вклучувајќи ја косата, ноктите и внатрешноста на устата.

Избегнувајте го скенирањето на аеродромите

Знаете ли што ни прават тие машини? Каде се податоците кои тврдат дека тие машини не ни штетат? Се додека науката не докаже дека се безбедни, јас предложувам претресување со раце. Тоа би требало да го направите и вие, вели Аргус.

Заборавете на високите потпетици

Воспаленијата и болките во нозете од штиклите се поврзани со загрижувачките дегенеративни болести, како оние на срцето, Алцхајмерова болест, рак, автоимуна болест, дијабетис и забрзано стареење. Не постои полесен начин за намалување на воспаленијата од носење на удобни обувки.

Пијте кафе

Уште оддамна е утврдено дека умереното пиење на кафе или чај има позитивно влијание врз здравјето. Иако научниците се обидуваа да ја поврзат конзумацијата на кофеин со болести на срцето, хипертензија, остеопороза и карцином, сепак се докажало токму спротивното.

Јадете во исто време

Еден од најдобрите начини да го намалите стресот на кој го изложувате телото е секојдневно да се придржувате до рутината за јадење. Доколку на телото му е скратен очекуваниот ручек на пладне, освен гладта, тоа ќе го зголеми и производството на хормонот на стрес – кортизол, кој му кажува да складира масти и да заштеди енергија. Па, доколку на телото не му ја дадете очекуваната храна, тоа ќе го саботира вашиот труд да симнете некој килограм или да ја одржите идеалната телесна тежина.

Вакцинирајте се против грип

Вакцината против грип не е само победа против таа болест, само една или две недели по воспалението, кое се јавува ако се разболите од грип, можете да го зголемите ризикот од дебелина, срцев и мозочен удар, но и рак. Луѓето сеуште погрешно мислат дека вакцината има несакани дејства, дека не делува, дека може да предизвика грип или дека содржи отрови и токсини. Според мислењето на д-р. Аргус, станува збор за сурова лага.

Станете и прошетајте

Постои голема поврзаност помеѓу времето кое го поминуваме седејќи и се поголемата опасност од дебелината, дијабетис, кардиоваскуларните болести и прераната смрт. Па, доколку мислите дека му правите добро на вашето тело што два часа пред или по работа вежбате, размислете уште еднаш. Дури ни два часа вежбање дневно не може да ја надокнади штетата настаната со седење или лежење во останатите часови од денот. Затоа станете и прошетајте се секогаш кога можете.

Исправете го држењето

Освен проблемите со грбот и вратот, лошото држење може да предизвика и главоболка, артритис, лоша циркулација, болки во мускулите, отежнато дишење, лошо варење, укоченост, замор, невролошки промени и генерално слаба физичка функција.

Земајте аспирин секој ден

Голем број на високо-квалитетни истражувања потврдија дека секојдневното кознумирање на аспирин значително го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Малата доза на аспирин (75мг) се покажа одлично во намалувањето на ризикот од развој на вообичаените малигни тумори на белите дробови, дебелото црево или простата за 46 проценти. Бидете внимателни и за тоа прво разговарајте со вашиот матичен лекар, бидејќи се ретки, но сепак можни нуспојавите кои предизвикуваат крварење на желудникот.

Јадете замрзнато овошје и зеленчук

Во денешно време на нас ни е достапен скоро секој вид на овошје и зеленчук во скоро секој период од годината, но тоа доаѓа со одредена цена – губиток на хранливи вредности. Свежите производи до моментот додека да дојдат до продавниците, губат голем дел од хранливите вредности и не содржат веќе ни приближно иста хранлива вредност како кога биле свежи. Подобро одлучете се за замрзантото кое се бере кога е најсочно и после тоа веднаш се смрзнува, што значи дека ја задржало речиси цела хранлива вредност.

Избегнувајте ги витаминските додатоци при исхраната

Бројни студии докажале дека земањето на витамински додатоци се поврзува со зголемен ризик од сериозни болести како рак, а тие и онака нудат малку здраствени придобивки.

Телото сака да создаде слободни радикали да ги напаѓаат лошите клетки, вклучувајќи ги и тие што се канцерогени. Доколку го блокирате овој процес со изобилие витамини, особено антиоксидансите, ја блокирате природната способност на телото да се контролира.

Имајте деца

Доколку имате деца голема е веројатноста дека ќе живеете подолго. Тоа е така бидејќи самото одгледување на децата нас не принудува да останеме активни и физички и психички.

Пијте една чаша вино

Умереното козумирање на алкохол, особено црвеното вино го намалува ризикот од срцеви заболувања. Но, не пијте повеќе од една чаша дневно доколку сте жена или две доколку сте маж, бидејќи тоа би можело да има сосема спротивен ефект.

Насмевка на лицето

Насмевката ќе ви го поправи расположението. Таа ќе го поттикне испуштањето на хормоните ендорфин и сератонин, кои го намалуваат стресот и болката и предизвикуваат чувство на среќа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП