24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМагичен сируп од вашата кујна: Ги топи мастите, го зајакнува имунитетот и...

Магичен сируп од вашата кујна: Ги топи мастите, го зајакнува имунитетот и ја чисти крвта

Овој магичен сируп можете да го подготвите сами, а состојките веројатно веќе ги имате во својата кујна. Сезоната на грип наскоро ќе пристигне, а доколку уште не сте ги вклучиле овие намирници во секојдневната употреба, сега е вистинското време да ја поправите оваа грешка.

Главната состојка на овој сируп е ренот, моќна намирница која докажано влијае на зајакнувањето на имунолошкиот систем бидејќи изобилува со витамините Ц, Б1, Б6 и Б2, магнезиум, калиум и железо. Ренот, како и ѓумбирот, го забрзува метаболизмот и ја чисти крвта.

Циметот е одличен извор на манган и цинк, а неговата карактеристична арома го збогатува секое јадење. Докажано е дека циметот го намалува и нивото на масти и лош холестерол, има фунгицидно дејство, односно ги уништува габите и спречува нивен раст.

Моќната комбинација од мед и лимон, е позната одамна, а лекарите советуваат денот да се започне со чаша млака вода со половина лимон и една лажица домашен мед. Ви предложуваме да го подготвите овој сируп и да го консумирате два пати дневно.

Рецепт за напиток:

Потребно е: 150 гр свеж корен од рен, 3 големи лимони, 3 лажици домашен мед, 1 лажица цимет, 3 см свеж корен од ѓумбир

Подготовка:

Ѓумбирот и ренот олупете ги, а потоа изрендајте ги. Лимонот исцедете го, а доколку користите органски, можете да ја искористите и кората така што ќе ја изрендате. Помешајте ги овие состојки, додадете го медот и циметот, помешајте убаво и ставете ја смесата во стаклен сад. Земајте по една лажица наутро и навечер на празен стомак.

Откако ќе ја потрошите оваа количина, направете пауза од еден месец и повторете ја постапката уште еднаш. Пред употребата на природни лекови, особено доколку вашата здравствена состојба е нарушена, консултирајте се со лекар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП