5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРускиот претседател Владимир Путин качен на мечка ја носи вакцината против коронавирусот(фото)

Рускиот претседател Владимир Путин качен на мечка ја носи вакцината против коронавирусот(фото)

Рускиот претседател Владимир Путин, на својот официјален фејсбук профил објави шеговита слика, на која како спасител, јавајќи на мечка, на светот му ја носи вкацината против новиот коронавирус.

Во прилог на монтираната слика, напишан е и краток текст во кој рускиот претседател истакнува дека Русија го спасува светот, бидејќи вакцината ќе биде достапна и во повеќе други земји.

Moнтирана слика од претседателот Путин се појави и на насловната страница на францускиот весник „Либерасион“ каде тој е облечен како Џејмс Бонд, но наместо пиштол, во раката држи шприц – јасна алузија на вестите дека Русија ја регистрирала првата вакцина против Ковид-19.

Додека западниот свет покажува многу скептицизам, па дури и отворено ги критикува Русите дека поради нетранспарентноста, не може да се верува во безбедноста и ефикасноста на вакцината наречена спутник V, руските научници се убедени во делотворноста на нивната вакцина и ја најавуваат следната фаза кон тоа таа да стане јавно достапна.

Вакцината е развиена од московскиот институт „Гамалеја“, а името спутник V е референца за изненадувачкото лансирање на првиот светски сателит од Советскиот Сојуз во 1957 година. Таа допрва треба да помине низ клучните испитувања од третата фаза кога би ја примиле илјадници луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП