26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да препознаете мозочен удар?

Како да препознаете мозочен удар?

Ако не можете да се насмеете или јазикот ви е „тежок“ за да зборувате, побарајте помош, можеби сте доживеале мозочен удар!

Важно е првите симптоми да ги препознаете и веднаш да повикате Брза помош, бидејќи терапијата која се дава во првите три часа ја намалува стапката на смртност и инвалидитет.

Важно е лекот да се прими уште во итното згрижување на пациентот со акутен мозочен удар, односно во првите три часа од започнувањето на симптомите.

Тоа подразбира пациентот да сфати дека доживеал мозочен удар и дека треба веднаш да се јави на службата за итна помош. Терапијата се дава на патот до болницата во првите три часа од болеста, бидејќи така се спасуваат повеќе од 60 проценти од заболените. Три часа можеби изгледа како доволно време, но секој во тој процес на делување има само неколку минути да донесе важна одлука.

Најчести симптоми:

– Парализа на десната или левата половина од телото (лице, раце, нозе)

– Неспособност за говорење, изговарање или разбирање на говорот

– Трнење во едната половина од телото

– Несигурност и сериозно занесување во одењето

– Пречки во видот

– Двојна слика

– Збунетост или тешка, дотогаш непозната главоболка

Нетрадиционални симптоми на мозочен удар кај жените:

– Болка во градите

– Скратување на здивот

– Главоболка

– Трнење на лицето или устата

– Дезориентација

– Мачнина

– Општа слабост

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП