Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,801.76 -0.26%    BESK 6,283.00 3%    KMB 7,074.91 0.02%    MPT 68,224.60 1.47%    SBT 2,837.00 2.99%    TNB 17,200.00 -1.02%    TTK 1,350.00 1.13%    USJE 25,001.00 0%    

Грижата за животната средина, обврска за секој од нас

Време: 12:00

Датум: август 7, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Граѓаните, трговците, индустријата и општините со своите јавни комунални претпријатија, како и колективните постапувачи се многу значајни алки од системот, кои мораат постојано да функционираат и да се надополнуваат. Пластиката, стаклото, лименките, хартијата, батериите или електронските апарати не смеат да завршуваат на депонија. Нивниот век на траење не завршува со една употреба

Компанијата „Пакомак“ континуирано спроведува активности за едукација и подигнување на свеста кај граѓаните, но и на другите фактори, дека решението за здрава средина е во секој од нас. Граѓаните, трговците, индустријата и општините со своите јавни комунални претпријатија, како и колективните постапувачи се многу значајни алки од системот, кои мораат постојано да функционираат и да се надополнуваат.

Селекцијата и рециклирањето на отпадот од амбалажа е само еден од аспектите на нашето одговорно однесување, но од исклучително значење за опстанокот на планетата. Најзначајна алка се семејствата што секојдневно мораат да го селектираат и да го одвојуваат отпадот што го создаваат. Пластиката, стаклото, лименките, хартијата, батериите или електронските апарати не смеат да завршуваат на депонија. Нивниот век на траење не завршува со една употреба. Рециклирањето овозможува да се реупотребат како секундарна суровина. На тој начин се заштедуваат ресурси, електрична енергија, а се продолжува и животниот век на депониите.

Една од најзначајните алки во системот, секако, се и колективните постапувачи со отпад од пакување, кои во нашата земја се финансирани од индустријата. Тие, во соработка со општините ја обезбедуваат потребната инфраструктура, контејнери во различни бои за граѓаните најлесно и најефикасно да можат да ја исполнат својата обврска за одвојување на отпадот.

Од основањето на „Пакомак“, па сѐ до денес, нашата компанија како колективен постапувач има донирано стотици контејнери за селективно собирање отпад од пакување за Скопје и за другите градови од државата. Нашата цел е да овозможиме непрекинато да функционира кругот на рециклирањето. Затоа покрај донацијата на контејнери и на канти, дел од средствата со кои располагаме ги инвестираме и во едукација на населението и во подигнување на јавната свест бидејќи тие процеси се тесно поврзани и зависни еден од друг и треба да се развиваат паралелно. Не треба тука да ја заборавиме и помошта која со години наназад ја очекуваме од државата и надлежните институции кој што треба да помогнат во решавање на големиот проблем со неформалните собирачи, бидејки тие групи на луѓе борејки се за егзистенција ги уништуваат контејнерите и скапата опрема која што ние ја поставуваме и донираме на општините. Доколку неформалните собирачи се формализираат и станат дел од системот можат да станат ефикасен еколошки начин на собирање на отпадот од пакување, да заработуваат повеќе но и да имаат здравствено и пензиско осигурување.  изјави Ико Брдароски од „Пакомак“.

Одговорноста за одржлива иднина лежи во секоја индивидуа, која со својот пример мора да ги поттикнува и другите околу себе да се однесуваат на ист начин. Кругот во кој секој треба одговорно да се однесува е затворен и доколку една од алките затајува, целиот систем нема да функционира. Во овој дел од особено големо значење е ефикасното функционирање на општинските комунални претпријатија, кои се задолжени редовно да ги празнат контејнерите и селектираниот отпад да го транспортираат за рециклирање. Обврска на комуналните претпријатија е и секундарната селекција на отпадот, а главната цел е што помалку отпад да завршува на депонија.

„Пакомак“ има голема општествена одговорност бидејќи учествува во секој сегмент од системот и секојдневно презема активности за тој да функционира.

Досегашните наши искуства говорат дека населението станува свесно за проблемите што може да ги предизвика несоодветното менаџирање на отпадот. Сите наши активности во делот што го работиме, отпадот од пакување, се одлично прифатени од населението. Треба време за да се променат навиките кај луѓето во однос на селектирањето на отпадот. Тоа е процес што е веќе почнат и нема назад. Тоа што нѐ загрижува, за да може кругот на рециклирање беспрекорно да се одвива, со чест на исклучоци, е улогата на јавните комунални претпријатија и нивната инертност во однос на нивната одговорност и на обврските што ги имаат од една страна и нивната техничка неподготвеност од друга страна во однос на собирањето отпад од пакување од контејнерите што ги поставуваме. Ние секојдневно добиваме десетици коментари, поплаки, сугестии од демотивирани граѓани дека одредени контејнери со денови не се испразнети за што редовно ги информираме надлежните институции. Очекуваме и се ставаме на располагање и ние да помогнеме во рамките на нашите можности во делот на организација на собирањето на отпадот од пакување бидејќи без тој дел кругот на рециклирање не може да функционира, изјави Ико Брдароски од „Пакомак“.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Меѓународна истрага: Валкани пари поминувале низ најголемите светски банки

    Меѓународна истрага: Валкани пари поминувале низ најголемите светски банки

    Астрономските износи на “валкани” пари со години минувале низ најголемите банкарски институции во светот, откри истрагата на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ), која го…

  • Гејтс кажа што мисли за тврдењето дека Маск е „новиот Стив Џобс“

    Гејтс кажа што мисли за тврдењето дека Маск е „новиот Стив Џобс“

    Бил Гејтс неодамна бил гостин на телевизијата „Блумберг“ каде што го прашале што мисли за тоа што Илон Маск го нарекуваат „новиот Стив Џобс“. „Ако…

  • Пад на европските берзи, економското закрепнување губи интезитет

    Пад на европските берзи, економското закрепнување губи интезитет

    На европските берзи утрово цената на акциите забележаа значителен пад поради ширењето на коронавирусот на континентот. Тоа ги зголемува стравувањата дека економското закрепнување ќе биде…

  • Македонија ќе биде домаќин на Меѓународниот балкански вински натпревар

    Македонија ќе биде домаќин на Меѓународниот балкански вински натпревар

    На Меѓународниот балкански вински фестивал, кој годинава се одржа во Софија, Бугарија, од 17 до 19 септември 2020, беше соопштено дека во 2021, Меѓународниот балкански…

  • Како пандемијата може да го промени капитализмот засекогаш?

    Како пандемијата може да го промени капитализмот засекогаш?

    Капитализмот е во криза. Пандемијата може да го промени засекогаш – во корист на работниците и оние на кои им е најпотребно. Ковид-19 стави „под…

  • Од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата

    Од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата

    Малопродажните цени на евродизелот и екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 0,50 денари и од вечерва на полноќ ќе изнесуваат 49,50 денари за…

  • Просечната нето-плата во јули 27.231 денар

    Просечната нето-плата во јули 27.231 денар

    Просечната нето-плата во јули годинава била 27.231 денар, додека бруто платата изнесувала 40.640 денари. Според Државниот завод за статистика, во однос на јули 2019 година…

  • Германија: Странците се платени за 900 евра помалку од домашните работници

    Германија: Странците се платени за 900 евра помалку од домашните работници

    Странците во Германија во просек месечно заработуваат 900 евра помалку од домашните граѓани, но сепак, на новодојденците од регионов им е подобро од луѓето од…

  • Неуспехот не прави искусни и мудри

    Неуспехот не прави искусни и мудри

    Позитивениот став, трпеливоста и упорноста носат успех, но прво треба да се ослободите од стравот од неуспех, бидејќи тоа може да ви биде најкорисна и…

  • МАСИТ: ИКТ секторот најбрзорастечки, да се работи на создавање кадар за потребите на индустријата

    МАСИТ: ИКТ секторот најбрзорастечки, да се работи на создавање кадар за потребите на индустријата

    Македонскиот ИКТ сектор во последните три години бележи постојан раст во број на компании и вработени, раст на извозот, на профитот и приходите, покажува Извештајот…