18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводството на електрична енергија со јаглен забележа прв пад во историјата

Производството на електрична енергија со јаглен забележа прв пад во историјата

Глобалното производство на електрична енергија од електрани со јаглен го регистрира својот прв пад во историјата во првиот квартал на 2020-та година, објави „Bloomberg“.

Падот доаѓа во услови на затворање на дел од капацитетот за време на пандемијата и одложувањето на некои од најголемите проекти за изградба на нови електрани на јаглен.

Затворањето на единиците за производство, особено во Европа и САД, за време на карантинот го надмина отворањето на нови објекти, се вели во шестмесечниот извештај на невладината организација „Global Energy Monitor“.

Нето падот на производството на енергија со јаглен е минимален – за 2,9 гигават, или околу 0,1% од глобалниот капацитет, но сепак претставува пресвртна точка во развојот на глобалниот енергетски систем.

„Пандемијата со ковид-19 ги ​​успори проектите за изградба на нови електрани на јаглен и во исто време им овозможи на многу земји да ги преиспитаат своите идни енергетски стратегии. Сега тие можат да изберат најдобар начин да се префрлат од јаглен на алтернативна чиста енергија“, рече Кристин Ширер, директор на програмата на „Global Energy Monitor“.

Развиените економии во Европа и Северна Америка се повеќе се префрлаат на обновливи извори на енергија, додека рударските компании се потпираат многу на земјите од азискиот регион за да ја одржат побарувачката за фосилни горива.

Сепак, глобалната потрошувачка на јаглен е на добар пат да го регистрира својот најсилен годишен пад од Втората светска војна, во услови на економска криза предизвикана од Ковид-19.

Ова го покажуваат прогнозите на Меѓународната агенција за енергија, цитирани од „Bloomberg“.

Изградбата на нови електрани со јаглен во Азија забавува, а некои земји, како Бангладеш и Виетнам, дури размислуваат да запрат некои проекти.

Плановите на Кина за изградба на неколку големи електрани со јаглен се закануваат да ги влошат проблемите со производство на енергија во земјата.

Просечното оптоварување на мрежата во Кина може да падне на 45% во 2025-та година, според студијата на Универзитетот во Мериленд.

ООН ја повика меѓународната заедница да потпише мораториум за изградба на нови електрани со јаглен, до 2020-та година, за да може да се постигнат целите утврдени во Парискиот климатски договор.

Сепак, во светот има над 190 гигавати електрична енергија од електрани што работат на јаглен, потсетува публикацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП