29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСметката од кризата ќе ја плати обичниот човек, а не богатите

Сметката од кризата ќе ја плати обичниот човек, а не богатите

Богатите кои заработуваат пари од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот нема да претрпат штета, сметката ќе ја плаќаат обичните луѓе, како и по финансиската криза, кризата со недвижнините, економската криза, вели професорот по економија Хајнц-Јозеф Бонтроп во коментар за „Франкфуртер Рундшау“.

Во текстот што го пренесе „Дојче веле“, авторот пишува дека „уште пред короната, Германија била политички и економски поделена земја“ и додава дека 40 години неолиберализам оставиле белег, дека „државата, првенствено на социјалната држава, станува се повеќе дискредитирана, а заработката остварена од заедничко работење се пренесува на богатите“.

Владеењето на финансиските пазари не е готово, а пазарите на труд се распределени на несигурни мали пазари на трудот. Невработеноста се претвори во работни места со помалку часови, а сиромаштијата се зголеми.

На крајот, се зголеми концентрацијата на моќ во рацете на големи концерни. Сè уште ништо за економската демократија. Големите акционери сепак владеат автократски, полошо од кога и да било. И во политиката, една германско-национална, десничарска партија влезе и во сојузните и во сите провинциски парламенти, пишува Бонтроп.

Тој додава дека сега „во времето на короната, како и во светската финансиска криза, кризата со недвижнините и економската криза од 2007-ма до 2009-та година, тие воскреснуваат од гробот на британскиот економист Џон Мејнард Кејнс (1883-1946), кој инаку е толку презрен од неолибералните духови“ и „ сите, дури и верници во радикалниот пазар, ја повикуваат државата да интервенира во пропаднатата економија“.

„Приватните лица не се во состојба да управуваат со кризата. Приходите на сите Германци ќе паднат за седум проценти во оваа година. Ни требаат две до три години за да се опоравиме од тоа, но само ако не дојде вториот бран на Ковид-19. Само германската сојузна држава оваа година ќе биде дополнително задолжена за 218 милијарди евра“, истакнува Бонтроп, додавајќи дека богатите луѓе кои дури заработуваат пари во криза нема да претрпат никаква штета.

Исто како и по финансиската криза, кризата на пазарот на недвижности и економската криза, работните маси треба да ја платат сметката, како и оние кои сигурно немаат ништо.

Ќе дојде до економско контрапродуктивна и социјално неприфатлива политика на штедење и кратења, бидејќи политичката елита повторно не се осмелува да го оданочува посилно имотот на богатите, наведува авторот.

Бонтроп е професор по економија со децении и портпарол на Работната група за алтернативна економска политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП