3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБесими во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството

Бесими во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството

besimi-od-priem-na-makedonija-vo-nato-bi-profitirale-site-72495

Вицепремиерот за европски прашања и национален ИПА координатор Фатмир Бесими денеска ќе ја посети Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

На средбата ќе се разговара за користењето на ИПА фондовите и функционирањето на Агенцијата, како и за идната соработка меѓу СЕП и Агенцијата.

Пред десет дена е објавен осмиот јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од ИПАРД. Средствата се наменети за инвестиции на земјоделските стопанства за нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со преструктуирање и надградба за достигнување на ЕУ стандардите, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности.

Огласот ќе трае 45 дена, до 22 август 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП