28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНе бегајте од неговиот непријатен мирис, консумирајте лук!

Не бегајте од неговиот непријатен мирис, консумирајте лук!

Постојат многу предности од консумирањето на лук, и покрај непријатниот мирис кој го остава по јадењето, сепак станува збор за една од најздравите и најкорисни намирници.

Лукот делува антивирусно и антибактериски. Веќе со децении се користи поради своите силни антибактериски својства. Се покажало дека хемиската состојка на лукот, алицин, го спречува растот и развојот на габата Candida albicans.

Лукот може да го намали вашиот холестерол. Неговите силни антиоксидантни својства спречуваат слободните радикали да направат штета во артериите и го спречува создавањето на лузни.

Со консумирањето на лук се намалува и крвниот притисок. Лукот има способност да ја намали вкочанетоста на тромбоцитите, така што помага крвта да биде поретка.

Лукот, исто така, помага и при регулирање на шеќерот во крвта, што е одлично за лицата со дијабетес тип 2.

Борете се и против настинките и грипот јадејќи лук во салатите и супите што почесто кога сте болни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП