26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако големите технолошки компании ги прават нивните милијарди (инфографик)

Како големите технолошки компании ги прават нивните милијарди (инфографик)

Најголемите компании во светот се од технолошкиот сектор, а четири од петте од „Big Tech“ компании пораснаа со пазарна капитализација од над трилион долари.

И покрај нивните сличности, секоја од петте технолошки компании (Amazon, Apple, Facebook, Microsoft и Alphabet) имаат многу различни движења на готовината и растечки траектории. Некои имаат диверзифициран микс на апликации и клауд услуги, продукти, и акумулација на податоци, додека други имаат сингуларен фокус.

Но, преку растот скоро во сите сегменти, “Big Tech” компаниите ги прелетаа “Big Oil” и другите големи индустриски групи за да станат највредните јавно тргувани компании во светот. Продолжувајќи да растат, овие компании ја зајакнаа финансиската позиција на нивните основачи-милијардери, и го водеа технолошкиот тешкаш “Nasdaq” кон нови рекордни достигнувања.

За жал, со растот доаѓа и тешкотијата. Употребата на податоците, диверзификацијата и третманот на работниците стана проблем на глобално ниво, ставајќи се “Big Tech” во одбрана од огласувачите и владите.

Сепак, дури и ова не ги запре технолошките гиганти да објавуваат огромен раст на приходите.

Приходите на “Big Tech” продолжуваат да растат

Големото технолошко прифаќање е најголемиот двигател на зголемените приходи.

“Amazon” заработи најмногу во вкупните приходи споредено со минатогодишните бројки, со скок во речиси сите активности на компанијата. Приходите од онлајн продажба и услуги и трети лица се зголемиле за скоро 30 милијарди долари, додека Amazon Web Services и Amazon Prime забележале зголемени приходи од 15 милијарди долари комбинирано.

Единствен дел од питата на “Amazon” што не го зголеми приходот е продажбата во физички продавници, кои стагнираа откако претходно беа најбрзорастечкиот сегмент.

Приходи на “Big Tech” компаниите (2019 vs 2018)

Услугите и рекламите придонесоа за зголемени приходи на “Big Tech” компаниите. Приходите на Alphabet од “адсовите” на Google се зголемиле за 20 милијарди долари. Во меѓувреме, Google Cloud бележи континуирано прифаќање и прерасна во свој сегмент од 8,9 милијарди американски долари.

За Microsoft, растот на клауд компјутинг и услугите доведе до посилни приходи во скоро сите сегменти.Најинтересно, растот за Azure сервисите го надмина оној на Office и Windows за да стане најголем дел од приходите на компанијата.

Поголемо прифаќање на услугите и адс интегрирањето беа голем раст  за „Facebook“. Во голема мера се должи на континуираните зголемувања на просечните приходи по корисник, Facebook генерираше дополнителни приходи од 20 милијарди американски долари.

Споредба на технолошките гиганти

Една компанија која не објави огромни зголемувања на приходите беше „Apple“, иако оствари зголемување на приходите во некои сегменти.

Приходите од  iPhone, кој е сè уште камен темелник на бизнисот, паднаа за скоро 25 милијарди долари. Со тоа се неутрализираше зголемувањето на приходите од скоро 10 милијарди американски долари од услугите и околу 3 милијарди долари од продажбата на iPad.

Сепак, со нето профит од 55,2 милијарди американски долари, „Apple“ ја предводи “Big Tech” групата и по нето приходи и по пазарната капитализација.

Приходот на технолошките гиганти од речиси 900 милијарди американски долари во 2019 година, е поголем од БДП-то на четири земји од Г20. За споредба, заработката на “Big Tech” компаниите ќе ги направи 18-та најголема земја по БДП, пред Саудиска Арабија и веднаш зад Холандија.

Big Tech компаниите заработуваат милијарди со капитализирање на нивните платформи и зголемување на корисничките бази на податоци. Преку зголемен раст и прифаќање на софтверот, клауд компјутинг и пролиферација на реклами, овие милијарди ќе продолжат да се зголемуваат.

Бидејќи употребата на технологија се зголеми во 2020 година, и се предвидува дека само таа ќе продолжи да расте. Колку”Big Tech” компаниите ќе заработат во иднина?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП