28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија: Прва забрана во светот за одење и гледање во исто време...

Јапонија: Прва забрана во светот за одење и гледање во исто време во мобилен

Јапонски град минатата недела ја забрани навиката која ја гледаме ширум светот – одење со очите приковани на мобилниот.

Патниците кои пристигнуваат на централната станица во Јамат, град со 250.000 жители, ќе бидат пречекани со известувања, писмено и звучно, за новововедената забрана која се однесува за одење на сите улици, плоштади и паркови.

“Додека шетате во градот, забрането е користење на паметен телефон. Ве молиме користете ги вашите телефони кога ќе престанете да одите”, се слуша од звучниците.

Се чини дека невообичаената забрана има широка поддршка од граѓаните, младите и старите. И иако досега не е пропишана казна, ретко кој ја крши.

„Често сум видел како луѓето шетаат наоколу гледајќи во своите мобилни. Не обрнуваат внимание на работите околу нив. Постарите не можат да ги избегнат“, вели 64-годишниот Кензо Мори.

„Тоа е како зависност. Тие изгледаат како да не можат да престанат“, додаде тој.

И тинејџерката Арика Ина се согласува дека може да биде опасно. „Но, не мислам дека треба да се воведат забрани. Тоа би требало да биде прашање на општа пристојност“.

Истражувањето на јапонската телекомуникациска компанија NTT, спроведена пред неколку години, покажала дека пешаците кои зјапаат во мобилен губат 95 проценти од видното поле.

Компанијата спровела компјутерска симулација која покажува што ќе се случи ако 1.500 луѓе ја преминат улицата пред станицата Шибуја во Токио, најпрометниот пешачки премин во светот и во исто време гледаат во своите мобилни.

Резултатите покажале дека две третини од пешаците не би преминале на другата страна без инциденти, судир или паѓање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП