25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустријата три месеци во минус - во мај пад на производството од...

Индустријата три месеци во минус – во мај пад на производството од 27 проценти

Пад од 27 проценти на индустриското производство во мај, споредено со истиот месец лани бележи статистиката, а падот во одредени сектори достигнува и до 60 проценти.

Падот  на производството почна во март годинава, со почетокот на пандемијата и рестриктивните мерки за заштита од вирусот. Тогаш Државниот завод за статистика измери дека производството паднало за 13,4 проценти. Најголем е падот во април кој достигна 33,5 проценти, за мај да заврши со минус од 27 проценти. Но и во првите два месеци од годинава на индустријата не и одеше сјајно. Така февруари индустриското производство е во позитива од само 3,5 проценти, а во јануари, годината започна со плус од само 0,3 проценти. Па така индексот на индустриското производство во периодот јануари ‒ мај  годинава, во однос на истиот период лани изнесува 85,6% или индустријата е во минус 14,4 %.

ИНДУСТРИСКО ПРОИЗВОДСТВО 2020 ГОДИНА

Мај                 +1,2%            

Април            +5,5%

Март              +7.5%

Февруари       +7,3%

Јануари          +12%

Според податоците за мај пак падот во одредени секторио достигнува дури 60 проценти, а такви се кожната индустрија, производство и поправка на машини и опрема. Преполовено е и производството на текстил, мебел и трајни производи за широка потрошувачк, но и капиталните производи.

ИНДУСТРИСКО ПРОИЗВОДСТВО ВО МАЈ 2020, ВО ОДНОС НА МАЈ 2019

Производство на кожа и производи од кожа -58,9%

Производство на мебел -51,7%

Трајни производи за широка потрошувачка49,8%

Капитални производи -47%

Производство на текстил -44,9%

Статистиката покажува дека некои сектори и во криза бележат раст на производството.  

Производство на останата опрема за транспорт + 126,4%

Производство на основни фармацевтски произвводи и препарат +27,4%

Производство на хемикалии и хемиски производи +12,4%

Вадење на руди на метал +3,1%

Вадење на јаглен и лигнит +4,9%

Извор: ДЗС

Гледано по сектори, пад на индустриското производство во мај годинава во однос на мај лани има во Рударство и вадење на камен за 4,3 %, Преработувачката индустрија има пад од 32,1%, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 14,6 %.

Според статистиката падот во Преработувачката индустрија се должи на намаленото производство речиси во сите оддели, како и во производство на прехранбени производи.

Според главните индустриски групи, пак има пад кај Енергија за 9,2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 22,5 %, Капитални производи за 47 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 48,8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 22,3 %.

Дека економијаата е во застој во вториот квартал од годината, предупредува и Народната банка во јунскиот извештај.

Во услови на ограничен обем на расположливи податоци тешко е да се добие попрецизна оцена за целокупната состојба во економијата во вториот квартал од 2020 година. Што се однесува до согледувањата на економските субјекти за состојбата во економијата, резултатите од анкетните истражувања за вториот квартал на 2020 година упатуваат на значително влошени согледувања во однос на минатиот квартал, како и во однос на истиот квартал од минатата година, во најголема мера како резултат на мерките поврзани со новата вирусна инфекција“, стои во извештајот на НБРМ.

Достапни податоци според НБРМ има за трговијата и индустриското производство за април.

Прометот во вкупната трговија забележа висок годишен пад во април од близу 30%, одразувајќи ги притоа неповолните остварувања и високиот пад на прометот кај сите три вида трговија (трговија на мало, трговија на големо и трговија со моторни возила). Индустриското производство исто така забележа висок пад во април, од 33,5% на годишна основа, што претставува значително влошување во однос на падот од 3,7% којшто беше забележан во првиот квартал од годината. Најголем пад и следствено највисок негативен придонес се забележува кај преработувачката индустрија, а помал негативен придонес имаат и рударството и енергетскиот сектор“, забележува централната банка.

Според Народната банка и показателите за агрегатната побарувачка главно се неповолни и упатуваат на пад на економската активност во вториот квартал од годината.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП