19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва овошје е во служба на рамен стомак. Слободно зголемете го внесот!

Ова овошје е во служба на рамен стомак. Слободно зголемете го внесот!

Секој знае дека за витко и здраво тело не е важно не само да вежбате, туку и да пазите на здрава и урамнотежена исхрана. Некои намирници, исто така, прават чуда за рамен стомак, а најголем дел од ова овошје го имате најчесто и дома. Потребно е само да се зголеми нивниот внес.

Авокадо

Авокадото со причина е хит намирница со години. Содржи малку јаглени хидрати, помага во слабеење, долго време ве држи сити, може да се чува на разни начини… Докажано, авокадото, помага и во согорувањето на масните наслаги во пределот на стомакот.

Шумско овошје

Во зима го имаме во замрзната верзија, додека сега можеме да уживаме во свежо издание. Малина, капина, боровинки – секое непце ќе го најде она што го сака. Бобинките го потикнуваат метаболизмот, содржат малку калории и се совршени за доручек или меѓуоброк.

Шипка

Шипката се смета за чудо од овошје, а нејзините антиоксидативни состојки го потикнуваат метаболизмот. Сокот од шипка поттикнува слабеење и распаѓање на масните наслаги во пределот на стомакот.

Јаболка и круши

Ова овошје содржи пектин кој спречува акумулација на масните наслаги. Покрај тоа, тие обезбедуваат чувство на ситост. Јаболките и крушките буквално можете да ги носите насекаде со вас.

Портокали

Витаминот Ц во портокалите, исто така, има директен ефект врз килограмите. Произведува молекули кои се одговорни за метаболизмот. Покрај тоа, за време на физичката активност ќе согорите повеќе маснотии ако претходно сте консумирале витамин Ц.

Грејпфрут

Како и портокалите, грејпфрутот е полн со витамин Ц, а исто така е богат и со антиоксиданти кои го регулираат инсулинот. Многу експерти советуваат да консумирате половина грејпфрут пред секој голем оброк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП