17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКорона на даските за сечење: Кина го суспендира увозот на лосос од...

Корона на даските за сечење: Кина го суспендира увозот на лосос од Европа

Кина го суспендираше увозот на лосос од Европа поради стравот дека консумирањето на оваа риба од европските добавувачи можеби придонело за избувнување на жаришта на корона во главниот град.

Меѓутоа, експертите тврдат дека е малку веројатно рибите да можат да го пренесат вирусот, пренесува South China Morning Post.

Државниот дневен печат во Кина објави дека бил откриен коронавирус на даски користени за сечење месо од лосос на пазар во Пекинг во центарот на новиот кластер на зараза, кој ги разгоре стравувањата од избувнување нов бран на епидемија во Кина.

Како резултат на ова откритие, поголемите супермаркети во Пекинг го повлекоа лососот од продажба, а еден од извозниците на оваа риба од Норвешка во Кина потврди за Reuters дека кинескиот пазар е затворен и дека увозот на лосос од Европа во оваа земја во моментов е суспендиран.

Генетските студии за вирусот во новото жариште поврзани со пазарот во Пекинг укажуваат дека Европа би можела да биде областа на нејзиното потекло.

Сепак, иако европски генетски код е откриен во вирусот, научниците тврдат дека е тешко со прецизност да се утврди дека тој навистина е од Европа. Тие забележуваат дека глобалното ширење на короната покажало дека вирусот се менува со преселување во различни области, а потоа продолжува да циркулира, поради што еден облик на коронавирусот кој изгледа како да е европски може да се шири и во Азија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП