Германскиот производител Ауди има во план да ја прошири линијата на моделот А3 со компактен кросовер кој би можел на пазарот да се појави во 2016-та или 2017-та година.
Интерно познат како „elevated space vehicle“, идниот A3 „Allroad“ ќе биде развиен на модуларната платформа на „Volkswagen“ – „MQB“.
Како што пренесуваат одредени медиуми, компанијата веќе развива концептен автомобил, но германците се уште не одлучиле дали ќе го претстават на претстојниот авто-саем во Франкфурт кој се одржува во септември.
Техничките детали не се објавени, но се очекува Ауди A3 „Allroad“ да биде понуден со 1.8 литарски турбо мотор и дизел мотор од 2.0 литарски.