22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес во Владата треба да падне одлука кога ќе се отворат кафеаните!

Денес во Владата треба да падне одлука кога ќе се отворат кафеаните!

Одлуката за отворање на угостителските објекти е денеска на дневен ред на Владината седница. Откако Комисијата за заразни болести ги достави препораките до Илиндеска бр.2, владините министри ќе треба да одлучат по кои критериуми ќе го рестартираат угостителскиот сектор. Ограничен број на посетители, растојание помеѓу масите, можност да функционира само терсата или летната бавча на објектите, се само дел од препораките на Комисијата за заразни болести со кои не се согласуваат угостителите за повторно отворање на рестораните, кафеаните и кафе баровите.

“Со вакви строги кретириуми голем дел од компаниите од угостителскиот сектор ќе немаат никаква економска оправданост да ги отворат своите локали”, вели за Денар Мартин Ангеловски прв човек на угостителската комора.

„Би сакал да потенцирам дека отварањето со дозволен капацитет од 20-30% од постоечкиот е фактички само одложено затворање, без никаква економска логика, бидејќи големите трошоци на работењето како кирија, камати, плати за вработените, електрична енергија, вода и сл остануваат исти, а се очекува да се задржат вработените. Да ве потсетам дека сме целосно затворени март и април, а еве и мај поминува, ќе продолжиме со работа со максимум 30% најверојатно до следното затворање. Доколку може некој да најде математика и логика во вакво работење, слободно нека ни ја објасни“, изјави Мартин Ангеловски претседател на Комората за угостителство при Сојузот на Стопански комори.

Најголем револт кај угостителите има што властите наложуваат една маса на отворените тераси да биде во радиус од без малку десет метри квадратни. И на таа маса да може да седат најмногу четири лица, но само во случај тие да се од потесното семејство. Доколку не се роднини ќе може на истата маса да седат само две лица. Дополнителен проблем на угостителите им претставува и предлог протоколот кој не дозволува во прво време за гости да функционира и внатрешниот дел од објектот, туку гости само да се примаат на летните тераси. Ангеловски вели, се што треба ќе направиме, ќе дезинфицираме и ќе се грижиме еднакво исто и за вработените и за гостите замо да може да функционираме нормално ако тоа може така да се каже. Ангеловски смета дека угостителството е дискриминиран сектор во однос на другите дејности на кои не им се наложуваат вакви ригорозни мерки.

„Нееднаквост во третманот помеѓу приватниот и државниот сектор. На пример, одредени државни институции или установи се затворени со одлука на Владата исто како и угостителските објекти. Но Владата продолжува да ги финансира вработените во истите тие институции со полна плата, додека угостителството е оставено на самопреживување или кој како може да се снајде со комплицираните уредби. Зарем не е логично кога сте затворени со одлука на Влада да имате ист третман како и други сектори кои што се исто така затворени со одлука на Владата? Исто така, нееднаквост во третманот има и во рамките на самиот приватен сектор каде што угостителството е дисктиминирано во однос на  другите дејности, како образовни центри, авто школи, трговски центри кои се со ист ризик, во затворен простор, но, на нив им е дозволено непречено да ја вршат дејноста и покрај тоа што што повеќе луѓе на помал простор ќе бидат заедно за разлика од угостителските објекти.“

Што се однесува до превентивните мерки на кои ќе мора да се придржуваат угостителите се дека на секоја маса ќе мора да има има дезинфекциско средство. Масите и столиците ќе мора да се дезинфицираат по секое заминување на гостите се со цел идни посетители да бидат пречекани на чисто и сигурно место. Протоколите за работа на угостителите предвидуваат и вработените во текот на целото работно време да носат заштитни маски и ракавици кои често ќе треба да се менуваат. Прометот кој ќе се наплатува ќе мора да се чува во паричник кој ќе треба да се дезинфицира на секој половина час. Пред локалот ќе мора да има лице кое е задолжено за контрола на бројот на лица кои влегуваат во објектот.

Околу важноста за угостителството врз целокупната економија, Ангеловски во прв план ги потенцира вработените во секторт кои според проценките достигнуваат и над 30 илјади лица. Тој вели, угостителството има домино ефект кој се пренесува и во другите индустрии, заради моменталната сосотојба има пад на продажба на алкохолни пијалоци и вино, винариите се полни со залихи од непродадено вино што ќе ја загрози бербата во септември и ефектите ќе се рефлектираат на илјадници лозари. Стотици други бизниси како цвеќари, евент организатори, фото студиа, кројачи, трговци, музичари, добавувачи  и многу други индустрии се загрозени поради неработењето токму на угостителскиот сектор. Ангеловски апелира до Владата и до сите релевантни институции, да размислат какви мерки ќе донесат, и напоменува дека треба и навните забелешки сериозно да се земат во предвид. Анализата на Комората на угостители која е направена на база на анкета на нивни членови покажала дека дури 40% од угостителите се изјасниле дека не сакаат да продолжат со работењето по завршувањето на кризата. Тоа би значело дека голем број на вработени ќе останат без работа, особено во помалите градови и места каде што изминативе години се потрошија огромни суми на средства за промоција на етно туризам.

Инаку, денешниот обид нема да биде прв преку владина одлука повторно да се отворат угостителските објекти. На претходна седница на која на дневен ред беше прашањето за угостителите, договор исто така не се постигна. Министерството за економија на некој начин беше на страна на угостителите и застана во одбрана на нивните барања, но така не размислуваа и здравствените власти кои сметаа дека е прерано и многу опасно рестораните и баровите да работат на ист начин како и пред пандемијата. Засега угостителите велат дека цените кои важеа пред здравствената криза ќе бидат истите во ценовниците и кога ќе ги отворат локалите, но до кога ќе може да работат со тие цени ќе зависи од тоа како ќе се развива целата ситуација и по кои правила ќе мора да работат. Инаку, по одлука на Владата угостителите се меѓу првите кои ставија клуч на своите бизниси поради корона вирусот.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП