Американската агенција за кредитен рејтинг „Fitch“ го намали кредитниот рејтинг на Европскиот фонд за финансиска стабилност (EFSF), кој обезбедува заеми за помош на Грција, Ирска и Португалија.
Кредитниот рејтинг на „EFSF“ е намален за еден степен, од „ААА“ на „АА+“, како последица од намалувањето на кредитниот рејтинг на Франција минатата недела, пренесува агенцијата АП.
Кoтирањето на „EFSF“, сепак, зависи од рејтингот на земјите кои го финансираат, а меѓу нив е и Франција.
Практична последица од намалувањето на рејтингот на „EFSF“ би можело да биде тоа што Фондот во иднина ќе наплаќа повеќе камата за задолжувањата на пазарот.
Главните конкуренти на „Fitch“, „Standard & Poor`s“ и „Moodys“, веќе го намалија кредитниот рејтинг на „EFSF“.
Постојаниот фонд за помош на задолжените држави, под назив Европски механизам за стабилност „ESM“, пред некое време го превзема „EFSF“, кој сепак, и понатака обезбедува заеми за помош на Грција, Ирска и Португалија.