20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Вухан пресврт - забранета употреба на диви животни во исхраната

Во Вухан пресврт – забранета употреба на диви животни во исхраната

Властите на Вухан, од каде коронавирусот започна да се шири низ целиот свет, забранија лов и размножување на диви животни и нивно користење во исхраната, објави денес AP.

Се работи за реакција по резултатите од истражувањето, според кои вирусот се развивал меѓу лилјаците и се пренел на луѓето преку диви животни кои се продаваат на пазарот во Вухан.

Новата регулатива би требало да важи пет години и е во согласност со мерките усвоени на национално ниво, кои предвидуваат и финансиски стимулации, со цел да им помогнат на продавачите на животни да се посветат на други работи.

Притоа има многу исклучоци, вклучително и животни кои се користат во традиционалната кинеска медицина, со тоа луѓето да не можат да ги користат во исхраната. Во Вухан е во тек тестирање на присуство на вирусот на сите 11 милиони жители на тој град.

Според официјалните податоци, тестирани се повеќе од два милиони луѓе, од кои 71 заразени, но без симптоми на болеста. Во Вухан од почетокот на пандемијата се регистрирани повеќе од 50.000 заразени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП