среда, 7 декември 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАНуркачи забележале јата сончарки во водите на Охридското Езеро (видео)

Нуркачи забележале јата сончарки во водите на Охридското Езеро (видео)

Рибите сончарки од неодамна живеат и во водите на Охридското Езеро, информираат од нуркачкиот центар „Амфора“.

Од таму појаснуваат дека по подолга обсервација на овој интересен вид риба кој природно не припаѓа во ендемичниот екосистем на Охридското Езеро, забележале многу интересни моменти, особено во нејзиното однесување за време на мрестење.

„Овие риби главно се хранат со инсекти и ларви, а широко распространетите перки во текот на нивното движење претставуваат одбранбена функција“, се наведува во соопштението на „Амфора“.

На видео инсертот од сончарка снимена на дното од езерото може да се забележи дека најгресивното и најчесто однесување е т.н. „фронтална закана“ која се карактеризира со брзо нафрлување, удирање и бркање на рибите кои се во непосредна близина, а од „Амфора“ појаснуваат дека во крајни случаи истата е проследена со благо каснување, со цел рибите да ги заштитат границите на својата територија.

Доколку сончарката се чувствува инфериорна во обидот да ја одбрани територијата најчесто ја менува бојата, која на страничните делови од телото станува потемна.

Сончарките најчесто ги има во плитки води на длабочина од 3-5 метри, но нуркачите од „Амфора“ забележале повеќе јата на длабочина од 10-15 метри во присуство на други риби.

Сезоната на мрестење е обележана со присуство на мажјаци на плитки, кружни гнезда кои истите ги бранат од другите сончарки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП