Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,322.35 0.93%    KMB 6,202.99 -0.46%    MPT 64,939.86 -0.09%    OHB 4,650.00 1.09%    RZLV 38.00 -5%    RZUS 55.70 9.22%    SBT 2,707.00 6.12%    TEL 318.00 2.91%    TNB 17,400.00 0.29%    ZPKO 2,270.00 0%    

Интервју со Тошо Мицевски, основач на TeachHoot

Време: 10:17

Датум: мај 18, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Имплементацијата на сопствените идеи, дури и кога звучат лудо, е една од предностите на е-бизнисот

Границите коишто до вчера претставуваа пречка во комуникацијата, работата и учењето, денеска не постојат благодарение на интернетот и новите веб-апликации. Преку нивната примена, образовните програми се многу подостапни, а нивната корисност е особено видлива во услови на пандемија на коронавирус, кога се препорачува физичка дистанца и кога движењето е целосно ограничено.

Онлајн образовните програми сè уште се новитет кај нас, а токму една од компаниите кои ја започнаа едукативната револуција на онлајн приватни часови во државата е TeachHoot. Станува збор за платформа за целосна онлајн едукација, од закажување до наплата на часовите, без потреба од физичко присуство. Teachhoot платформата е едноставна за користење, каде моделот „класично туторство“ функционира така што учениците одбираат тема, пронаоѓаат тутор, се договараат за цената и часовите почнуваат. Вториот начин на настава е „решавање проблем“, каде што ученикот поставува прашање кое се испраќа до сите тутори кои се соодветни за темата, тие започнуваат со своевидна аукција, односно даваат понуди, а ученикот избира решение кое најмногу му одговара.

Како партнер во модернизирањето на образованието кај нас преку примена на информатички технологии, TeachHoot ја имаат Халкбанк, како единствена опција која овозможува платежни платформи за е-бизнисите во Македонија.

За најубавите моменти во водењето на е-бизнисот, за предусловите за развој на е-трговијата и за поддршката која ја нуди Халкбанк во онлајн образовниот процес, зборувавме со Тошо Мицевски, основач на TeachHoot.

  1. Се сеќавате ли на првата зделка преку вашата веб-платформа? Дали го прославивте тој момент?

Првиот онлајн час на TeachHoot беше изведен од едни наши познаници кои ѝ дадоа шанса на идејата. Часот нормално помина беспрекорно и бевме многу среќни поради тоа. Сепак, немавме време да прославиме зашто бевме премногу зафатени со работа.

  1. Кои се 3 клучни елементи за развој на успешен е-бизнис?

Според мене, на прво место го ставам добриот производ. Секогаш мора да имаш добар производ кој решава конкретни проблеми во општеството. На второ место би ја ставил добрата промоција на самиот производ на пазарот. И секако, на трето место е и можеби една од најважните за да може да просперира еден е-бизнис, а тоа е одличната услуга кон вашите постоечки клиенти, бидејќи добриот збор надалеку стига, а лошиот уште повеќе.

  1. Кои се најубавите моменти кои доаѓаат со водење е-бизнис? Кои се предностите?

Самата возбуда што доаѓа од имплементирање на твоите долгогодишни замисли и идеи. Слободата и можноста да се искажеш на едно елементарно ниво, дури и кога грешиш во некои работи. Да ги имплементираш сопствените идеи дури и кога звучат лудо. Да бидеш креативен без препреки.

  1. Која е алатката/услугата која ви го олеснува бизнисот?

Алатки кои ни го олеснуваат работниот процес, еве, може да кажеме Халкбанк ни го олеснува работниот процес, бидејќи преку нивната платежна платформа можеме да ги вршиме нашите наплати. Секако има и други алатки од областа на аналитиката и автоматизацијата на самите работни процеси.

  1. Кога би требало да ни раскажете само една кратка приказна поврзана со вашиот бизнис која би била таа?

Еве една интересна приказна од почетокот кога почнавме да работиме. Како што знаеме, ние Македонците сме како нација малку поскептични, малку повеќе доцниме со адаптирање, чекаме сите нешто да имплементираат, па после ние да го пробаме. Така на пример, на почетокот имаше ученици кои доаѓаат на нашата платформа, земаа приватни часови и туторите нè информираа дека камерите не работат, односно не можат да ги гледаат учениците. Учениците викаа дека најверојатно е некој технички проблем со платформата и така помина време, ние проверувавме и не најдовме никаква техничка грешка, никаков технички проблем. Подоцна сфативме дека всушност учениците ставале селотејп, односно ги лепеле камерите од лаптопот или од компјутерот со цел да на некој начин не им се украде идентитетот или да не им се злоупотреби нивниот лик.

  1. Дали имате направено онлајн нарачка и чекате да ви ја достават? Што би порачале во овој момент?

Имам направено многу онлајн нарачки. Претежно купуваме храна од „Кликни Јади“. Во овој момент имам нарачано една чаша за еспресо. А тоа што би сакал сега да ми пристигне е еден голем мрсен хамбургер.

  1. Кои се во моментов вашите омилени услуги кои ги нудат останатите е-бизниси?

Нешто што на дневна основа се користи е стримањето серии на Netflix, што е доста корисно кога имаш време да утепаш. Слушање музика на Deezer. И нормално, нарачување на храна преку „Кликни Јади“.

  1. Како Халкбанк се вклопи во вашата приказна?

Со Халкбанк станавме партнери откако детално го истраживме пазарот, односно сите банки кои овозможуваат e-commerce наплати во земјава. Халкбанк најмногу одговараше на нашиот бизнис модел. Истовремено имаше и една од најдобрите понуди, ако не и најдобра понуда, затоа и ја избравме Халкбанк. И секако поради добрата и беспрекорна комуникација со нивните вработени во овој процес.

  1. Дали Халкбанк помага за полесен развој на е-бизниси?

Секако дека Халкбанк како и другите банки помагаат во развојот на е-бизнисот во Македонија, поради тоа што се и единствена опција која овозможува платежни платформи за е-бизнисите во Македонија. Немаме други опции. Како што знаеме моментално PayPal како и некои други платформи не се функционални, односно не се функционални за комерцијална употреба. И поради тоа, доколку ги немаме овие банки и нивните платежни платформи, ограничувањето кое би го имале во водењето на е-бизнисот би било огромно.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Ањели: Убеден сум дека Кристијано Роналдо ќе остане во клубот

    Ањели: Убеден сум дека Кристијано Роналдо ќе остане во клубот

    Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели е уверен дека Кристијано Роналдо нема да го напушти клубот ова лето. Португалецот доживеа уште едно разочарување со „бјанконерите“ во…

  • Гвардиола: Ако сакаме да ја освоиме ЛШ, треба да ги победуваме големите тимови

    Гвардиола: Ако сакаме да ја освоиме ЛШ, треба да ги победуваме големите тимови

    Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не се предаде на емоциите по успехот против Реал Мадрид (2:1) и пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите.…

  • Илинден прогласен за Ден на македонско-американското наследство во Вашингтон

    Илинден прогласен за Ден на македонско-американското наследство во Вашингтон

    Американската престолнина денеска објави прокламација со која 2 август се прогласува за Ден на македонско-американското наследство во Вашингтон. Прокламацијата е донесена по иницијатива на Обединета…

  • Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

    Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

    Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со…

  • Нови 155 заразени од Kовид-19 во земјава, починати се две лица

    Нови 155 заразени од Kовид-19 во земјава, починати се две лица

    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје – 51,…

  • Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела

    Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела

    Русија ќе ја регистрира својата прва вакцина против коронавирусот на 12 август, рече рускиот заменик-министер за здравство, Олег Гриднев, пренесува „Спутник“. „ Во моментов е…

  • Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јули 2020

    Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јули 2020

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.07 – 31.07.2020 година вкупниот промет изнесувал 382.669.81 денари и е намален за 14,16 отсто во однос…

  • Истражување: 60 отсто од излекуваните од Ковид-19 развиваат антитела

    Истражување: 60 отсто од излекуваните од Ковид-19 развиваат антитела

    Уште на почетокот на јули, виролозите од Медицинскиот универзитет во Виена известија дека само околу половина од заболените и излекуваните од коронавирус развиле заштитен имунолошки…

  • Колку пиво се произведува во Европската унија? (ИНФОГРАФИК)

    Колку пиво се произведува во Европската унија? (ИНФОГРАФИК)

    Повеќе од 34 милијарди литри пиво биле произведени во Европската унија во 2019-та година, според податоците на „Eurostat“. Доколку се подели со бројот на жители…

  • Светот пред „темпирана бомба“ на банкроти

    Светот пред „темпирана бомба“ на банкроти

    Владите ширум светот се обидуваат да превземат мерки со цел да им помогнат на компаниите кои се најпогодени од ширењето на коронавирусот. Меѓутоа, светот се…