18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотврдени 33 нови случаи со Ковид 19, оздравени 22 пациенти, еден починат

Потврдени 33 нови случаи со Ковид 19, оздравени 22 пациенти, еден починат

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 22 оздравени пациенти и тоа во Скопје -2, Куманово-6, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-1, Струга-1, Кочани – 2. На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70-годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа, како што се посочува, направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1572, бројката на оздравени пациенти е 1079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404. Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 526, Куманово – 404, Дебар – 51, Штип-35, Прилеп –167, Тетово – 95, Струга – 67, Велес – 95, Битола –22, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-6, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 2, Делчево-1, Валандово -1, Виница – 2, Кратово-1.

Направени се 332 теста и тоа преку: ИЈЗ –218, Ветеринарен факултет -17, Авицена –13, Биотек -22, Клиника „Жан Митрев“ –19, Систина со PCR метода -23 и МАНУ -20. Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на Ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се тројца пациенти, а вкупно хоспитализирани се 44. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација се четворица пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 18. На респираторна машина е еден пациент, а уште двајца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат тројца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани шест пациенти, а уште еден пациент се следи на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на Ковсп/ид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП