27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ми подметнаа вијагра, бев најбрз на тренингот’

„Ми подметнаа вијагра, бев најбрз на тренингот’

Поранешниот англиски фудбалер Карлтон Кол се присетил на интересен момент кој се случил на еден тренинг на националниот тим, во периодот кога селектор бил Фабио Капело.

Поранешниот играч на Челси и Вест Хем доживеал непријатност, а главен виновник бил Џермејн Дефо.

„Наместо витамин ми подметна вијагра. Вистина е. Можете да замислите колку бев брз на тој тренинг. Трчав на три нозе“, рекол Кол.

„Мислеше дека тоа се витамини и дека тоа е добро за неговото тело. Кога му кажавме дека зеде вијагра…непроценливо беше да се види изразот на неговото лице. Само му кажав дека ќе мора да издржи во наредните неколку часа“, рекол виновникот Дефо.

Карлтон Кол кариерата ја заврши во 2017 година во Индонезија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП