4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Британија презентација на можностите за инвестирање во Македонија

Во Британија презентација на можностите за инвестирање во Македонија

London_5

Делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески престојува во Велика Британија каде што ќе ги презентира поволностите за инвестирање во Македонија.

Во состав на делегацијата се и министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции Висар Фида.

Предвидено е презентации да се одржат пред бизнис заедниците во Ливерпул, Лидс, Шефилд и Лондон.

На британските бизнисмени ќе им биде презентирана климата за водење бизнис во Македонија и поволната даночна политика со најниски даночни стапки во Европа, соопшти Министерството за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП